• Latest

Иницијативата „За заедничка Македонија“ мобилизира и во студентските домови!

March 1, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Иницијативата „За заедничка Македонија“ мобилизира и во студентските домови!

March 1, 2017 13:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „За заедничка Македонија“, со поддршка на владејачката структура, повикува од денеска да ѝ се приклучат и студентите.

„Иднината е во младите, а ние младите кажуваме НЕ за Тиранската платформа. Сите студенти заедно да си ја зачуваме унитарноста на нашата татковина“, стои во повикот објавен на социјалните мрежи, креиран од фан- страницата „Студентите за Македонија“.

Фан-страницата е нова, креирана е пред само два дена, на 27 февруари.

Во студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Пелагонија“, во текот на вчерашниот ден, од врата на врата,на студентите им се делеле материјали што повикуваат на поддршка на протестите против двојазичност.

На социјалните мрежи се објавуваат СМС-пораки со кои и од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМЕ ги мобилизира студентите да се појават на денешниот протест.

Иако во повикот за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ се вели дека протестите се студентски, и непартиски, очигледно е дека тие имаат поддршка од високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска, на социјалните мрежи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, објави фотографија на македонски знамиња што се веат од студентскиот дом „Кузман Јосифоски – Питу“, со легенда: „Студентите од Македонија, под знамето на Македонија!“

Како што е наведено на Фејсбук настанот и во дел од СМС пораките, студентите се повикуваат во 15 часот да излезат пред „Пелагонија“, или пред домот „Гоце Делчев“, од каде што ќе се упатат кон студентскиот дом „Кузман Јосифоски Питу“.

Tags: „За заедничка Македонија“мобилизацијаПритисокПротестстуденти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ