Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Општина Штип организираат тркалезна маса на тема: ,,Пристап до јавни информации за лицата со попреченост во општините во источен регион на Република Македонија”, која ќе се оддржи на 5 ноември, понеделник, во хотел „Оаза“ Штип со почеток од 12 часот.
На тркалезната меса поканети се претставници на Министерството за локална самоуправа, Министеерството за информатичко општество и администрација, претставници на општините од источниот регион, јавните институции и установи, организациите на граѓанското општество, граѓански организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост и медиумите.
На настаот ќе бидат презентирани наодите од истражувањето кое има за цел да ја оцени пристапност на постоечките веб-страни на општините во источниот регион и препораките за нивно подобрување со цел зголемување на достапноста на лицата со попреченост до содржините кои се објавуваат преку овие канали за комуникација.
С. Т.