ЗОРАН ИВАНОВ
Група македонски интелектуалци:
Македонизмот е легитимна еманципаторска идеја. Чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија?
Почитувани граѓани на Македонија,
Во овие судбински денови за европската иднина на нашата татковина, длабоко загрижени поради фактот што таа станува заложник на апсурдните барања на Република Бугарија, одлучивме да се обединиме во мислата и во зборот за Македонија.
Секој од нас има сопствени погледи за тоа каква Македонија сакаме. Многу често не се согласуваме, ги биеме битките с… … ….. …
Јас:
Подржувам од сè срце и со две раце сè ова за македонизмот, но почитуваните интелектуалци би сакал да појаснат и да посочат кој или кои тоа, како и со што ги загрозил или ги загрозува македонизмот, македонството, Македонците, државата Македонија? Дали со тоа што веќе во светот државата не ни е ФИРОМ и веќе за светот не сме Фиромци или со тоа што сега државата Македонија е единствената држава во светот регистрирана во ОН со брендот Македонија, Северна ама Македонија и што ние Македонците сме единствениот народ на светот запишан во тетратката на ОН кој зборува на својот мајчин македонски јазик?
Појаснете прецизно или не туку кревајте „интелектуална“ прашина.