• Latest

ЕУ притиска, Бугарија не попушта, голема поддршка од Рот, ЦИВИЛ турнеја за европски вредности

June 22, 2021

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЕУ притиска, Бугарија не попушта, голема поддршка од Рот, ЦИВИЛ турнеја за европски вредности

June 22, 2021 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бугарија не попушта за Северна Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија

Министрите за европски работи на ЕУ дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Северна Македонија и бугарската блокада. Според присутните, нај насточива била Германија, која покажала силна заложба за почетокот на преговорите со Северна Македонија.

Бугарската страна меѓутоа и натаму одбивала да попушти, и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“.

На Софија и било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Рот: Да ги исполниме обврските кон Скопје и Тирана, напредокот на цела ЕУ да не се блокира поради билатерални прашања

Германскиот министер за Европа Михаил Рот денеска за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави на Твитер дека Европската Унија без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.

Please. Let bilateral issues be handled bilaterally, without blocking the entire 🇪🇺 moving forward. Let’s think strategically and realise: need to fulfill our obligations towards #Albania🇦🇱& #NorthMacedonia 🇲🇰 NOW + have no interest in leaving strategic vacuum there. Thank you.

— Michael Roth – official 🇪🇺🇺🇦🇮🇱🇬🇪 (@MiRo_SPD) June 22, 2021

– Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакуум таму. Благодарам, твитна Рот.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО

Теренски активности на ЦИВИЛ во Велес и Кавадарци за промоција на европските вредности, изборно набљудување и мониторинг на лажните вести

Во денешното издание на ЦИВИЛ во живо се споделија повеќе информации за посетата на тимот на ЦИВИЛ во Велес каде заеднички со локалната власт, граѓанските организации и лакалните медиуми се зборуваше за европските вредности, мултикултурализмот, еднаквоста, недискриминацијата…

Во тек е и повикот за изборни набљудувачи за локалните избори, како и мониторингот на лажните вести, говорот на омраза и дезинформации.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Маричиќ, Снопче, Шеху, Кондарко и Адеми утре на панелот на ЦИВИЛ за изборните реформи во пресрет на локалните избори

ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, утре, 23 јуни 2021, со почеток во 13 часот, во хотел Парк Резиденс (зад градскиот фудбалски стадион), Скопје. Настанот се предвидува да трае 70 минути.

На почетокот на јавниот настан ќе има 10-минутна презентација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ и најава за активностите на ЦИВИЛ за време на изборниот процес.

На панелот ќе учестуваат министерот за правда, Бојан Маричиќ, Халил Снопче, пратеник и претставник од Алијанса за Албанците, потпретседателка на Државна изборна комисија Дитмире Шеху,  Борис Кондарко, член на ДИК, Арбер Адеми од ДУИ и Џабир Дерала, претставник на ЦИВИЛ.

Европските вредности и мултикултурата на локално ниво, работилница на ЦИВИЛ во Велес

ЦИВИЛ денеска организираше работилница во Велес на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ .

Ова е само дел од активностите на ЦИВИЛ во напорите да се придонесе кон запознавање, мотивирање и мобилизирање на општеството на сите нивоа и во сите сектори. Конкретно, со оваа  работилница се продолжува директната соработка на ЦИВИЛ со општините во креирањето успешни модели за граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално ниво во овие исклучително важно области.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Премиерот Зоран Заев денеска имаше работен појадок во организација на амбасадорите на земјите од Вишеградската Група (В4) на кој изрази благодарност за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ Ан Линде, која престојува во посета на Северна Македонија, денеска имаше средби со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за отворање на пристапните преговори, а Косово заслужува визна либерализација.

Министрите за европски работи на ЕУ дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, а Бугарија одбила да попушти.

Односите меѓу Португалија и Северна Македонија се пријателски со можност за нивно натамошно унапредување, збогатување на договорно-правната рамка, како и за развој на билатералниот политички дијалог на високо и највисоко ниво, беше констатирано на денешната средба на претседателот Пендаровски со амбасадорката на Португалија во земјава, Марија Пина.

ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО Судењето за случајот „Плацеви на Водно“, каде што меѓу осомничените се бизнисменот Јордан Камчев, Сашо Мијалков и експремиерот Никола Груевски, почнува на 16 јули.

КОВИД-19  До крајот на летото во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска прими две донации, едната од 2.313.000 денари за медицинска опрема од Амбасадата на Народна Република Кина и една од 100 илјади долари за борба против Ковид-19 од Друштвото на Црвениот крст на Кина.

ЕКОНОМИЈА Бизнис секторот ќе учествува во креирање на наставни програми за студенти.

ЛГБТИ Градските советници во главниот град на Баварија за мечот Германија-Унгарија на Евро 2020 во среда во Минхен, планираат да го осветлат стадионот со бои на виножито. Ова е симболичен протест против неодамнешното донесување на закон за забрана за промовирање на хомосексуалноста во Унгарија.

УЕФА го одби барањето на градските власти на Минхен да се обои Алијанц Арената во боите на виножитото за време на натпреварот Германија-Унгарија од ЕУРО2020. Главното раководно тело на европскиот фудбал го одби барањето на националниот тим поради „политички контекст“.

ОБРАЗОВАНИЕ Народниот правобранител, и годинава констатира дека продолжува праксата дел од училиштата неосновано и надвор од закон да им наплаќаат на учениците/ родителите/ старателите  за издавање свидетелства за завршено образование.

ИНТЕГРАЦИИ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Мими Кодели, придружена од група пратеници, кои престојуваат во работна посета на Република Северна Македонија.

Шведска силно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и реформската агенда на земјата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ако етимолошки ги анализираме изјавите од состанокот на двајцата премиери на 17 јуни во Софија дека „прозорецот кон ЕУ за Македонија (и за целиот Западен Балкан) е отворен, јасно е дека низ прозорецот само се гледа, а низ вратата се влегува. Кога ќе го преведеме дипломатскиот речник на политичарите, тоа значи дека вратата за влез во ЕУ, за нас – Република Северна Македонија, останува (барем засега) затворена ‒ прозорецот секако останува отворен и низ него можеме да ја гледаме ЕУ“ пишува Александар Николиќ Писарев  во „Скопје-Софија пред влез во ЕУ: Од Запад зелено светло, од Исток црвено“

Ирена Крџиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ