Почнаа репресии против војската, која „не ја оправда високата доверба“ на раководството на Руската Федерација. Како што пренесува Политека.нет, окупаторите ги репресираат командантите кои „не ги оправдаа очекувањата“ во војната со Украина и всушност не ги исполнуваат задачите. Ова го соопшти главната управа за разузнавање на Украина (ГУР).
Забележано е дека од 24 април до 2 март во окупираната Горловка работела комисија од Руската Федерација, која требало да ги идентификува причините за моменталниот недостиг на 3-та посебна моторизирана тенковска бригада на окупаторските сили.
Се покажа дека според извештаите на командантите во 3-та моторизирана тенковска бригада, до почетокот на војната, таа била пополнета со 100% екипаж. Сепак, по избувнувањето на непријателствата, се покажа дека вистинската бројна состојба на воен персонал изнесува околу 55% вкупниот број.
Според пишувањето на Реалист.онлајн, во Русија е уапсен командантот на Црноморската флота на вооружените сили на Руската Федерација, адмирал Игор Осипов. Апсењето е поврзано со уништувањето на крстосувачот „Москва“, кој беше испратен на дното на Црното Море со две ракети „Нептун“.
Апсењето го објави украинскиот политиколог Тарас Березовец, повикувајќи се на изјави на очевидци. Осипов беше уапсен од луѓе во цивилна облека.
Треба да се напомене дека во февруари 2022 година, адмиралот Осипов пријавил дека тој лично проверил колку е подготвен крстосувачот Москва да одбие ракетни напади. Неговата изјава тогаш ја објавија прокремљските медиуми.
подготвил Жорж Димовски