Граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен, испрати вест со фотографии, дека ноќеска по полноќ се искинати изборни плакати на Курто Дудуш, кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, од редовите на СДСМ.
ЦИВИЛ Медиа разговараше со Фахри Сали, шеф на Изборниот штаб на СДСМ во Шуто Оризари, кој вели дека случајот со скинатите плакати на Дудуш го пријавиле во полиција.
„Ме чуди тоа што само по еден ден откако потпишавме Кодекс на фер и демократски избори, се случуваат вакви инциденти. Не можам да кажам кој ги скинал плакатите, бидејќи не видовме кој го направи тоа. Оставаме на полицијата да ги пронајде сторителите и да одговараат“, додава Сали.
Тој вели дека засега е мирно во Шуто Оризари и се надева дека во текот на изборната кампања нема да се случуваат вакви немили настани.
Во трката за Шуто Оризари е и досегашниот градоначалник Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите на Македонија, кој по трети пат ќе ја бара довербата на граѓан(к)ите на Шуто Оризари.
Дехран Муратов