• Latest

Исланд, Данска и Ирска се најбезбедните земји во светот, Северна Македонија трета во регионот, зад Словенија и Хрватска

August 15, 2023

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Исланд, Данска и Ирска се најбезбедните земји во светот, Северна Македонија трета во регионот, зад Словенија и Хрватска

August 15, 2023 22:25
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На врвот на листата на најбезбедни земји во светот е Исланд, следуваат Данска и Ирска, покажува најновата листа на Глобалниот индекс на мирот направена од Институтот за економија и мир.

Исланд се смета за најбезбедна земја за туристи кои летуваат, бидејќи е оценет како политички стабилен и има ниска стапка на криминал.

На листата од 163 земји, меѓу првите 10 се уште и Нов Зеланд, Австрија, Сингапур, Португалија, Словенија, Јапонија и Швајцарија.

Северна Македонија е на 38. место, трета во регионот, зад најдобро позиционираната Словенија (8), и  Хрватска (14). Зад нас во регионот се Албанија (40), Црна Гора (45), Босна и Херцеговина (61) и Србија (65),  додека Косово е на 70 место,

Соединетите Американски Држави се на 131 место, Велика Британија е на 37 место, Германија е на 15 место.

Како најмалку безбедни се означени Авганистан (163), Јемен (162), Сирија (161), но и Русија (158) и Украина (157). Во извештајот се наведува дека просечното ниво на мир во светот е влошено за 0,42 отсто, што е деветта година по ред како глобалниот мир се влошува. Се додава дека минатата година 84 земји забележале подобрување, додека 79 земји забележале влошување на мирот.

Конфликтите во Украина беа идентификувани како главни причини за влошување на мирот, иако интензитетот на конфликтите растеше ширум светот уште претходно.

Извештајот претставува најсеопфатна анализа направена врз основа на досегашните податоци за трендовите во мир, неговата економска вредност и начинот на развој на мирни општества. Во подготовката на извештајот се земени предвид 23 квалитативни и квантитативни показатели, меѓу кои се перцепцијата на криминалитетот, стапката на убиства, насилните демонстрации, политичката нестабилност, увозот и извозот на оружје, влијанието на тероризмот, можноста за нуклеарно и тешко оружје и слично.

Tags: безбедностГлобален индекс на миротИнститут за економија и мирнајбезбедни земји
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ