• Latest
Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Украинско-руската криза во „дипломатска“ фаза, за идентитетските прашања не се преговара, социјална патологија на четири тркала…

January 28, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Украинско-руската криза во „дипломатска“ фаза, за идентитетските прашања не се преговара, социјална патологија на четири тркала…

January 28, 2022 16:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

За војната и мирот: Историјата, сегашноста и перспективите на руско-украинската војна

Светскиот мир виси на конец. Руската армада е на границите на Украина, спремна да ја обнови агресијата започната во 2014 година. Не треба да се биде Магелан, за да се открие дека руската воена машинерија е закана за целиот регион на поранешниот Советски Сојуз, со гласно изразени апетити насочени кон земјите членки на поранешниот Варшавски пакт. Руско-украинскиот конфликт е само еден од 57 оружени конфликти во светот денес, но ако избие, ќе биде еден од најопасните по светскиот мир. Што се случува на „Источниот фронт“?

Во анализата „Вести од Источниот фронт“, Џабир Дерала прави опширен осврт и длабока ана лиза моменталните состојби со руско-украинската криза, причините и последиците, евентуалните исходи, перспективите и “европскиот“ удел во кризата.

Во првото од двете интервјуа за ЦИВИЛ МЕДИА за најновите тензии што ги предизвика натрупувањето на руска војска и тешко вооружување на украинските граници и во обид пред македонската и светската јавност да се претстават гледиштата и информациите од украински агол, Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук меѓу другото вели дека заканата од војна е реална, а реални се и дејствата на Русија за дестабилизација на внатрешната ситуација во Украина, со бројни провокации. Режимот на Путин самиот создава конфликтни ситуации и конфликтни зони со цел потоа да бара свое учество во нивното решавање. Овој тренд може да се забележи и во регионот на Западен Балкан.

„Во моментов, нашите вооружени сили се неспоредливо посилни. Ако Русија сепак одлучи да војува, ќе треба да смета на исклучително голем број загинати руски војници, што нема да биде споредливо со 2014 година. Тоа ќе биде сериозно крвопролевање и за двете страни“, посочува Задорожњук.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба во својата статија вели дека новата фаза на притисок од страна на Владимир Путин е насочена не само против Украина, над која тој сака да ја врати контролата, вклучувајќи со барање на вето во врска со нашиот евроатлантски курс. Претседателот на Русија, пред сè, се стреми да го понижи Западот и да ја воспостави својата сфера на влијание во Европа, дејствувајќи зад грбот на Европејците, вклучително и на Французите.

Министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас во статијата објавена на официјалната страница на ОК, вели дека тврдењата на Кремљ (рускиот министер за одбрана) дека САД „подготвуваат провокација со хемиски компоненти во источна Украина“, е „straw man“ („човек од слама“).

„Веќе не можам да избројам колку пати неодамна морав да им го објаснам значењето на англискиот термин „straw man“ („човек од слама“) на моите европски сојузници. Тоа е затоа што најдобриот, жив пример за „човек од слама“ во моментов е тврдењето на Кремљ дека е под закана од НАТО. Во последните недели коментарот на рускиот министер за одбрана дека САД „подготвуваат провокација со хемиски компоненти во источна Украина“ го направи тој „човек од слама“ уште поголем.“, посочува Валас.

Како разврска на руско-украинската криза, Џабир Дерала посочува неколку можни решенија, и вели дека е можно решение на кризата, но дека и воените сценарија се во игра.

Целосно решение на оваа криза е можно само со целосно повлекување на руските трупи од украинско тло, но и повлекување на руските хибридни напади и финансирањето на проруските паравојски во источниот дел на Украина. Што нема да се случи.

Военото сценарио не е исклучено, ниту сега, ниту во иднина, но и губитоците на руска страна ќе бидат катастрофални. Од повеќето можни воени сценарија, две се најчесто во оптек. Според првото, руската армија ќе се обиде да продре до Киев, ќе ја сруши сегашната и ќе воспостави марионетска гарнитура на власт. Второто сценарио предвидува продор во деловите кои се под контрола на проруските паравојски во источниот дел од Украина и поврзување на тие територии со Крим кој сега е под окупација на руската армија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Османи: Никој не преговара и нема право да преговара за идентитетските прашања

„Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од било кое друго право. За овие прашање ниту сме преговарале, ниту имаме право да преговараме, ниту некој некогаш ќе преговара“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, во своето излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Северна Македонија за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА  Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) бара од Лекарската комора на Република Северна Македонија да го истражи случајот со директорката на ЈЗУ Клиника за педијатрија Аспазија Софијанова која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија.

ГАСОВОД Акционерите на компанијата Гастрејд СА ја донесоа конечната инвестициска одлука за изградба на самостојниот систем за природен гас (INGS) во Александрополис. Станува збор за последната и најважна пресвртница пред проектот да влезе во фазата на изградба, информираат од оваа компанија

ОМБУДСМАН Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција ги презентираше податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност, како и за половата застапеност во јавниот сектор за 2020 година.

ЗЕЛЕНИ Повеќе од половината општини во земјава немаат инспектор за екологија. Останатите имаат по еден, а ретко некоја општина и двајца инспектори за животна средина. Отсуството на контрола врз загадувачите директно резултира со загадување на воздухот, водите и почвата, проблеми со кои се соочуваат голем број локални самоуправи.

ДИСТРИКТ

Пендароски: Не е клише, љубовта е сепак најдобрата терапија

Во ДИСТРИКТ на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Мирослав Пендароски, психолог, универзитетски професор, доктор на науки. Тој зборува за оштествениот амбиент и ние, политичарите и менталитетот, младите и кризите, самодовербата и недовербата, короната и времево невреме и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сите ние сме по малку влезени во налудничавото возење по скопскиве улици, брзаме предвреме да се сретнеме со својата и туѓите судбини, нервозни, деконцентрирани, невнимателни, нељубезни, многумина и прилично цврцнати… Илјадници – велат полициските статистики – немаат ни возачки дозволи, а на стотици автомобилите последен пат им виделе техничка регистрација со прекланскиот снег“, извадок од колумната на Сашо Орданоски „Социјална патологија на четири тркала“.

„Нема иднина за „бизнисот пред се” туку ни треба „ново нормално” за биодиверзитетот. Еколошките стандарди на една земја не смеат да го загрозуваат развојниот потенцијал на која било друга земја. Тие треба да поттикнуваат принципи на соработка и одржливо користење на ресурсите, да ја штитат животната средина и да придонесуваат во унапредувањето кон фер и просперитетно општество со модерна, ефикасна и конкурентна економија каде што во 2050 година нема да има емисии на стакленички гасови и каде економскиот раст ќе биде независен од употреба на ресурси“, пишува Стевче Дечев во колумната „Праведна транзиција – и народот има желудник!“.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ