• Latest
Научните истражувања поврзани со КОВИД-19 се интензивни.

Истражување: 12 лица шират две третини од тврдењата за опасностите од вакцините на социјалните мрежи

January 23, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Истражување: 12 лица шират две третини од тврдењата за опасностите од вакцините на социјалните мрежи

January 23, 2022 12:12
in КОВИД-19, СВЕТ
Научните истражувања поврзани со КОВИД-19 се интензивни.

Научните истражувања поврзани со КОВИД-19 се интензивни.

Share on FacebookShare on Twitter

Две третини од информациите за опасностите од вакцините на социјалните мрежи ја шират само 12 лидери на онлајн јавното мислење, кои имаат голем број претплатници и следачи, покажа студија на британската невладина организација Центар за борба против дигиталната омраза (ЦЦДХ).

Извадоци од студијата објави британската телевизија Скај Њуз која информира дека, според невладината организација, овие луѓе живеат претежно во САД и тврдат дека се политичари или лекари. Организацијата не ги објави нивните имиња.

За разлика од луѓето кои се опишуваат себеси како нерешителни или скептични за придобивките од вакцинацијата, антиваксерите користат агресивни методи за да ги убедат другите да не се вакцинираат, се вели во студијата. Се наведува дека откако компаниите кои управуваат со социјалните мрежи почнале да се борат против антиваксерската пропаганда, отстранета е голема количина на материјали.

Сепак, ЦЦДХ предупредува дека некои информации продолжуваат да циркулираат на интернет и оти противниците на вакцините често се појавуваат под други имиња или на страниците на други корисници, што им овозможува да ги заобиколат забраните за објавување. Имран Ахмед, извршен директор на ЦЦДХ, ги повика социјалните мрежи побрзо да ги отстрануваат информациите што сеат страв кај јавноста дека вакцините ги направиле луѓето поранливи на инфекција со коронавирус, доведуваат до неплодност и го зголемуваат ризикот од хоспитализација.

– Сите интернет платформи се грижат луѓето да поминуваат што е можно повеќе време на нив за да можат да им покажат што е можно повеќе реклами во исто време. Затоа, тие не се премногу решени да преземат акција, рече тој во телевизиско интервју./ МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ