• Latest

„Исцелител“ на филмскиот фестивал во Шангај

June 18, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Исцелител“ на филмскиот фестивал во Шангај

June 18, 2018 17:17
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на 21. издание на филмскиот фестивал во Шангај. 

Филмот ќе има три прикажувања на фестивалот, вечер, во петок и во недела. Ова ќе биде трето прикажување на „Исцелител“ на фестивал од А категорија, покрај прикажувањата на „Црни ноќи“ во Талин, Естонија и на интернационалниот филмски фестивал во Гоа, Индија. На фестивалот во Шангај филмот ќе се прикаже во ревијалната програма Спектрум, која е дел од Интернационалната филмска панорама на фестивалот.

Оваа година на фестивалот во Шангај освен „Исцелител“ ќе се прикажува и уште еден македонски филм, „Година на мајмунот“ на режисерот Владимир Блажевски.

Фестивалот во Шангај е основан во 1993 година и е еден од најголемите филмски настани во Азија. Тој е единствен фестивал во Кина кој е дел од престижната А категорија на фестивали акредитирани од светската организација ФАПФ. Фестивалот е посветен на градење на меѓународна платформа за професионалци и запознавање на кинеската јавност со најновите филмски остварувања.

Десетдневниот филмски фестивал беше отворен на 16-ти јуни со кинескиот филм „Светот на животните“ на режисерот Иан Хан во кој Мајкл Даглас ја игра главната улога. На црвениот тепих се појавија многубројни светски и кинески филмски ѕвезди меѓу кои и актерите Николас Кејџ и Кристоф Валц, актерката Ли Бингбинг, унгарската режисерка Илдико Ењеди и други.

Изминатите денови „Исцелител“ ја доби наградата за филм од М.А.Н – Македонски алтернативни награди. Ова е трета домашна награда за филмот, кој досега освои и девет меѓународни награди, од кои пет за најдобар филм и учествуваше на вкупно 24 светски фестивали.

Низ Македонија, „Исцелител“ досега се прикажа во кината во Скопје, Битола, Штип, Кочани, Кичево, Куманово, Прилеп, Свети Николе, Велес, Богданци, Гевглија и Гостивар каде го погледнаа приближно 14.000 гледачи. Филмот имаше и проекција под отворено небо во Градскиот парк во Скопје, на која имаше околу 8.000 гледачи. Филмот од денеска до 20-ти јуни ќе се прикажува во Центарот за култура во Неготино.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје. (МИА)

Tags: „Исцелител“филмски фестивалШангај
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ