CivilFest
Categories

ПРЕМИЕРА Исцелител на филмискиот фестивал во Пекинг

„Исцелител“ ќе се прикажува на осмото издание на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Пекинг (BIJFF). Филмот ќе ја има својата кинеска премиера во официјалната натпреварувачка програма „Forward Future“ на 23 април.

Оваа година претседател на жирито е легендарниот Вонг Кар-Ваи, авторот на култните „Расположени за љубов“ и „Чанкинг експрес“, а член на жирито е Рубен Остлунд, режисерот на минатогодишниот добитник на златна палма, филмот „Квадратот“. На фестивалот ќе се прикажат повеќе од 500 филмови а во склоп на фестивалот ќе се одржат и денови на филмската индустрија, изложби и ретроспективи.

Меѓународниот филмски фестивал во Пекинг е основан во 2011 година. Следејќи го се поголемиот интерес за меѓународни филмови на публиката во Кина во последнава декада, фестивалот се обидува да обезбеди високо квалитетен и престижен настан за интеракција на кинеската и светската филмска индустрија. Во последните три години фестивалот во Пекинг го следеле повеќе од милион посетители.

Бројни холивудски актери и режисери присуствувале на неговите проекции. Дел од познатите личности кои минатите години го посетиле фестивалот се: режисерите Џејмс Камерун, Лук Бесон, Оливер Стоун и Дарен Аранофски, актерите Киану Ривс и Жан Рено, актерката Натали Портман и други.

Ова е премиерно прикажување во Кина за „Исцелител“.

Б.Ј.

 

Print Friendly, PDF & Email