Меѓу овогодинешните добитници на престижната награда „Гордоста на Хрватска“ беше и Иван Блажевиќ, директор на фондацијата „СОЛИДАРНА“, инаку една од партнерските организации на македонската невладина организација „ЦИВИЛ“.
Горди сме што работата на „Солидарна“ на Банија е препознаена како херојска и придонесува за позитивни промени во општеството и со себе носи добри и вредни дела.
Наградата ,,Гордоста на Хрватска“ ја доелува 24 часа заедно со својто партнер ХРТ веќе 19 години по ред. Жирито оваа година се состоеше од Сузана Решетар од здружението „Сјена“, социологот Драган Багиќ, членот на ХГСС Јадран Каповиќ, уредникот и водител на ХРТ Огњен Голубиќ и главниот уредник на 24 часа Иван Буча, кои напорно работеа на проучување на сите приказни за на крај помеѓу многуте одлични кандидати успеаја да издвојат 15 кои станаа овогодинешни добитници на награди.
Во четвртокот во малата сала „Ватрослав Лисински“ се одржа доделувањето на наградата „Гордоста на Хрватска“. Во оваа прилика Иван им се заблагодари на сите кои придонесоа за оваа награда, а неговата благодарност ја пренесуваме во целост.
„ Најпрво сакам да се заблагодарам во името на „Солидарна“ и да им чеситам на сите добитници и чест ми е што вечерва стојам овде пред вас. Во „Солидара“ , веќе деветта година, се обидуваме да донесеме промена во заштитата на човековите права за толерантно и отворено општество во кое секој ќе може да живее достоинствен живот.Тоа го правиме преку директна помош на луѓето, како што се стипендии за деца преку Фондот Деса и Јерко Баковиќ,помош на жени кои преживеале насилство преку Фондот за жени. Исто така, по земјотресот и по почетокот на војната во Украина, покажавме дека сме подготвени професионално да реагираме во кризни ситуации. Покрај сето ова, се обидуваме да донесеме систематски решенија кои трајно ќе ги решат проблемите во Хрватска.Од друга страна, нашата мисија е да ги поддржиме сите поединци, иницијативи и здруженија за да можат да работат на заштита на правата на сите наши сограѓани.Ова е награда која може да одговара на мојата тежина, ова во никој случај не е лична награда. Ова е награда за сите кои придонеле за резултатите што ги постигнува „Солидарна“. Почнувајќи од мал тим од храбри и смели жени, па се до сите донатори, волонтери, соработнички. Од малиот Иса до големата тогаш 101-годишна Деса Баковиќ.Би сакал да ја искористам оваа приликата и да ги поканам сите да се приклучат на нашата хуманитарна кампања „ЖИВОТОТ ИМА ЦЕНА“ на Женскиот фонд за давање помош на жените и децата кои преживеале насилство. Секоја донација прави разлика! Сè може да се направи во неколку чекори на https://solidarna.hr/fond-za-zene/“, изјави Иван Блажевиќ.
Подготви М.С.
Извор: Солидарна