Искрено се надевам дека во годината што доаѓа ќе се посветиме на убавите и позитивни нешта. Се надевам дека ќе смогнеме сила за да ги надминеме поделбите, да ги отфрлиме предрасудите, да се сплотиме околу државните интереси и да зачекориме на вистинскиот пат. – објави Иванов по повод Нова Година на својата веб страница, од позиција на Претседател на Република Македонија.
Во новата година, посакувам повеќе да ја сакаме нашата заедничка татковина Република Македонија, и секој од нас да даде личен придонес за едно поубаво општество за нашите деца, родители, роднини, соседи и пријатели. Посакувам повеќе да се почитуваме, да шириме љубов за да имаме мир со себе си и со другите. СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА! – завршува тој.