• Latest

Иванов: Национализмот е современа инквизиција

July 8, 2019

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Иванов: Национализмот е современа инквизиција

Антинационализмот треба да стане мисија. Да се промовира во нагласено претпознатлива вредносна општетсвена категорија, изјави новинарот Зоран Иванов за ЦИВИЛ Медиа

July 8, 2019 16:09
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Национализмот и неговите манифестации, последиците и можните решенија, како да се освои таа антинационалистичка битка во едно општество што се декларира за демократско, беа темите на кои разговаравме со новинарот Зоран Иванов.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како и од каде извира национализмот и како најчесто се манифестира?

ИВАНОВ: Ако појдеме од основното политиколошко стојалиште за толкување на терминот „национализам“ каде што теоријата вели дека е тоа политичка идеологија во чие средиште е нацијата како врховно добро, замислете, „врховно добро“, тогаш што е егзистенцијализмот? Тој не познава нација, познава живот и постојана борба за елементарно пристоен живот, за елеменарна егзистенцијална еднаквост. За хуманост, за секој да има работа, дом, здравствена заштита, образование, натаму кому колку дал Господ, некому јахта, некому среќа. Важно сите да имаат еднакви стартни и животни можности.

Затоа мојата човечка матрица е егзистенцијализмот. Елементарните инндивидулани човекови и права и потреби. А национализмот, тој е современата инквизиција.

Жалното е што национализмот извира отсекаде. Од сите човечки средини, од сите заедници. Од групи и од поединци. Од необјасниви причини и од улицата и од културата и од мажи и од жени и од образовани и од неписмени и од академици и од учители и од возрасни и од млади и од спортисти и од публика и од уметници и од консументи и од татковци и од деца и од свештеници и од верници и од писатели и од читатели. И што е најжално дури и од мајки. За политичките субјекти и да не зборувам. Ним во разни околности за политичка доминација, национализмот завиткан во форма на патриотизам во дадени кризни моменти им е елементарната политичка понуда.

Не сум ниту философ ниту политиколог и не можам да понудам некои продлабочени размисли за појавата, за потребата од манифеститање национализам. Не можам ниту да замислам камо ли да проникнам од каде тие негативистички, параноични, ксенофобични пориви кај луѓето. Која внатрешна сила ги турка кон таквите чувства и кои надворешни фактори им ги поттикнуваат. Разбирлива ми е потребата па и неопходноста за наше самоидентификување и како група и како поединци. За припадност некаде и некому. Еве нека е тоа нацијата. Убаво, но зошто омраза спрема другата таква идентификација, онаа поинаквата а всушност идентичната од нас и од нашата? Нема одговор. Откаде извираат тие пориви за манифестирање нечовечност само ако другиот не е од нас, од нашето племе, а всушност во основата сите сме и ние и наши.

Но нејсе, ако нешто најмногу на оваа тема и особено на оваа појава, на појавата на национализмот и на неговото манифестирање ме фрапира, ме фрапираат и ме тревожат жените нациоанлистки. Пазете, зборувам за жени мајки. Тие ги доеле своите деца, и мајката од друга нација исто така го доела своето дете. И го растела и му се радувала. И едната и другата. И сега, во дадени околности тие две млади малку повозрасни изданки се воинствено накострешени едни спрема други. Во војна вистинска или во битка меѓу навивачки групи на спортски натпревари сеедно. И  небитно е домашното воспитување. Национализмот најчесто не извира од семејството туку од политичката и социјалната средина. Ама нејнејасното е како тие жени мајки по разни поводи, политички, протестни или било какви, манифестираат национализам. Кога тоа по дефиниција го практикуваат мајки како симболи на најчовечна човечност што тогаш останува за другите.

Но и со ова прашање нека се позанимава науката, антропологијата, на пример. Национализмот извира од секаде, се негува во одредени центри, најчесто политички и е манифрестација на омраза спрема некого и некои што воопшто ниту ги знаеме ниту ги познаваме. Ете таа мистика е исто така за посебна стручна елаборација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се последиците од национализмот?

ИВАНОВ: Ако појдеме од константата дека национализмот е лага и омраза во едно, дека се лажни флоскулите за позитивен национализам демек тоа било патриотизам, значи за некаков дозиран национализам кој е само обична обланда за национализмот оној реален суров и разголен племенска примитивен, тогаш последиците се атрофија на средината.

Политика, држава и општество кои и каде што се негува национализам под изговор дека е тоа здраво и за политиката и за државата и дека националното е структурен елемент, некаков столб на еднородната група во  заедницата, од таа политика, од таа држава и од тоа општество нема ништо. На национализмот во било која форма, од било кого, во било каква па и најбенигдна, манифестацијат треба  да му се каже гитла.

Особено гитла на најпопуларните политичари, најстручните професорите, најеминентните уметницитем, најуспешните спортиски. Гитла за сите нив доколку форсираното национално им е толку примарно што во секојдневието се рефлектира како нациоанлизам, а национализмот е сеење омраза. На таквите ѕвезди заедницата треба да им симне капа за нивните стручни вредности и  уметнички и спортски дострели и во истовртеме да им го заври грбот поради нивната фолирантско патриотска, а всушност шовинистичка матрица.

Последиците од дејствијата на таквите носители на нагласеното национално е национализмот. Жива и опасна рана на сите современи општества. Болест на минатите две три столетија. Инфективна зараза за која дваесетипрвиот век има вакцина но не умее секој да ја прими.

Најстрашното е што национализмот е заразен. Пренослив од родител на дете, од наставник на ученик од професор на студент од режисер на глумец од тренер на спортист од свештеник на верник од писател на читател. И натаму генерациски. Таму каде што го има, тоа е човечка средина во која наместо само среќата, подѕирнува и  омразата. А таа го нагрдува живеењето. Последиците се недогледни.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кој и како може да се ангажира во борбата против национализмот?

ИВАНОВ: Антинационализмот треба да стане мисија. Да прерасне во движење. Да се промовира во нагласено претпознатлива вредносна општетсвена категорија.

Секое општество, секоја средина има и здрави елементи. Еве кај нас, за среќа тие се мнозинството. Нашето мултукултурно општетсво може да се пофали токму со тоа што умее да ги изолира националистите, да ги препознае, да ги разобличува. Да превенира кризи поттикнати од националистички будали. Но за да се превенира и да се сузбива злото наречено национализам, појава не адекватна за денешницава, за ова глобално дигитално време, треба да се ангажира системот.

Пред се` системот, па потоа сите во него и секако најповиканите. Прво политиката и политичарите па редум сите. Пишувачите на учебници, наставниците, јавните личности, политичарите, новинариоте, културните и спортските авторитети. Сите кој на било кој начин имаат било какво влијание во јавноста. И нивна и наша обврска е нациконализмот во сите облици постојано и јавно да се жигосува во политиката како деструкција, во об разованието, културата и спортот како неразвојни, нецивилизирани, ретроградни.

И секако, покрај инертноста на државата, агилноста на невладиниот сектор е и треба да продолжи да биде таа светла борбена точка против национализмот во секоја негова сурова или било каква прикриена камелеонска форма.

И секако медиумите, гласноста и јавноста. Национализмот се крепи врз длабоки корени. Неговото поле е уште широко. Но толкаво е и полето за битка со него.

Биљана Јордановска

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Share120TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ