Доајенот на македонското новинарство, Зоран Иванов, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека со национализмот мора да се расчисти, истакнувајќи дека секој треба да си го исчисти својот двор.
„Секој треба да го чисти својот двор. Недозволиво е интелектуалци, новинари, професори, асистенти, јавни личности и луѓе кои настапуваат јавно, Албанци да не говорат за албанскиот национализам и шовинизам, Македонците да не го сторат истото. Главно меѓу Албаниците и Македонците, простете, така и јас како граѓанин ја чуствувам таа тензија, вели Иванов.
Тој истакнува дека тука, сè уште не е решено, уште многу треба да се решава.
Жално е што многу интелектуалци, многу јавни личности и медиуми се спомнуваа и се користат за пропаганда, потенцира Иванов.
Иванов додаде дека во наредниот период сака да ги види сите граѓани како навиваат за националната репрезентација, како одредена група, пред се млади лица, нема повеќе да вртат грб додека се изведува химната.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети