Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува како таа ги доживува различностите, преку сетилата, музиката и филозофијата.
„Комуницирам со голем број мои пријатели, особено од областа на музиката, Албанци, Турци, Бошњаци, со кои редовно и музицираме на домашната сцена, но и надвор од неа. Навистина тие разлики во воспитувањето, во негувањето на некои лични вредности ни помагаат нашето ново дело, музиката што ја создаваме во тој момент, да биде навистина поживописно и на полесен начин да го приближиме до публиката. Значи, ние можеби зборуваме на различни јазици и негуваме различни вредности, но во моментот кога создаваме уметност, тоа е нашата најголема придобивка, токму тие разлики“, вели Иванова.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети