„Треба конечно да се напушти подржувањето на одредени фоскули. Културолошките разлики се еден вид егзотика. Музиката е таа која се шири меѓу публиката, така ќе имаме еден заеднички јазик и нема да нè интересира кој на каков јазик зборува“, истакна Дуња Иванова, на панел дискусија на ЦИВИЛ за „Општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности“.
Таа додаде дека во Европа нема место за национал-шовинистички призвуци.
„Сметам дека музиката, спортот и уметноста може да играат силна улога во креирање на едно општество.
Помладите генерации веке почнаа да комуницираат преку музиката. Примитивните процеси не носи кон никаков прогрес“, нагласи Ивановска.