Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува за тоа дека сите ние и болката и љубовта ја чувствуваме на ист начин.
„Неодамна, пред неколку дена, околу четири-пет часот изутрина, ме разбуди мелодијата на оџата, кој веројатно го најавуваше големиот пост пред големиот муслимански празник, за неколку часа подоцна да ја слушнам камбаната, бидејќи живеам непосредно до Соборниот храм. Честопати тука циркулирам во центарот на градот, каде што сите сме сведоци на еден совршен ритам од младите Роми, во чија музика се слуша и нивната мака. Сите тие сегменти се дел од нашиот живот. А доколку недостасува само еден од нив, тоа не би бил нашиот дом, тоа би било некое друго место.
Сите тие луѓе, како што нè создала природата, на ист начин од крв и месо, чувствуваат на ист начин болка или љубат на истиот начин, така што сметам дека треба да се почитуваме, колку и да сме различни и навистина тоа треба да нѐ привлекува еден кон друг наместо да шириме омраза. Затоа што веројатно омразата е полесниот начин, она да се направи промена е нешто што бара време и труд, и на крајот на краиштата, сите имаат лично достоинство и сопствени цивилизациски вредности што нѐ прават посебни и единствени“, вели Иванова.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети