Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ вели дека со почитување на различностите создаваме поквалитетно општество за сите.
„Пораките што ќе се испратат, особено до помладите генерации, веројатно еднаш засекогаш ќе ги отворат очите и на повозрасните, дека ова општество заслужува вистински вредности, конечно да пркнеме надвор од тие ровови и конечно да се упатиме кон Европа, затоа што сметам дека да се направи разлика и да се почитуваат различностите е единствениот модус овие нови деца, овие млади генерации, да создадат поквалитетно општество со кое ќе се гордеат и нивните родители, но и нивните деца“, вели Иванова.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети