• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија со нова антикорупциска стратегија; Косовската полиција го зголеми присуството кај езерото Ујман; Хаџиу втор ден на распит во Специјалното обвинителство поради изјавата дека Србија помага во бегството на косовските затвореници

July 23, 2024

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија со нова антикорупциска стратегија; Косовската полиција го зголеми присуството кај езерото Ујман; Хаџиу втор ден на распит во Специјалното обвинителство поради изјавата дека Србија помага во бегството на косовските затвореници

July 23, 2024 12:01
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, државната министерка за јавна администрација и антикорупција, г. Адеа Пирдени, пред 30 државни институции го презентираше нацртот за Меѓусекторската антикорупциска стратегија 2024-2030 година, отворајќи серија јавни консултации кои ќе продолжат со различни интересни групи во наредните денови, пренесоа албанските медиуми.

Во Косово, една од главните вести е експлозијата кај езерото Ујман, кое предизвика зголемено полициско присуство и страв кај посетителите и жителите, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Новата антикорупциска стратегија 2024-2030, сектори со ризик во фокус и капиларно проширување на антикорупциската едукација

Државната министерка за јавна администрација и антикорупција, г. Адеа Пирдени, пред 30 државни институции го презентираше нацртот за Меѓусекторската антикорупциска стратегија 2024-2030 година, отворајќи серија јавни консултации кои ќе продолжат со различни интересни групи во наредните денови.

Целта на Меѓусекторската антикорупциска стратегија 2024-2030 е да одговори на главните предизвици во борбата против корупцијата преку троен пристап заснован на превенција, казнување и свесност, се наведува во статија објавена во Балкан Веб.

Сури: Одложено рочиштето за Белери,  адвокатите велат дека не сакаат да го ослободат пред 4 август

По втор пат во Судот во Фиер се одложува рочиштето за барањето на Фреди Белер за предвремено ослободување под услов да вратил 2/3 од казната.

Причина за одложувањето на првата седница беше отсуството на претставникот на Генералната дирекција на затворите, додека овој вторник изјави дека се уште ги нема доказите за казната, пренесе албанскиот портал Сури.

Адвокатите тврдат  дека токму оваа институција ги издава овие документи, а ваквото тврдење, според нив, е за да не се дозволи ослободување на Белери до одржување на делумните локални избори за прв човек на Општина Химара на 4 август.

КОСОВО

Бота Сот: Експлозијата кај езерото Ујман  ги избрка посетителите, косовската полиција го зголемува присуството

Граѓаните можат да го користат езерото Ујмани, но со дополнителна претпазливост апелираат до косовската полиција. Последниве велат дека се уште нема уапсени за вчерашната експлозија кај езерото на север, покажуваат што е пронајдено во куќата на осомничениот, кој се уште не е уапсен.

Езерото Ујман во понеделникот беше мирно и без никакво движење на граѓаните, пренесе Бота Сот.

Експлозијата во неделата, каде беа оштетени два автомобили на летувалишта, го направи ова место празно од посетители.

Во меѓувреме, таму се забележани косовската полиција и единиците на ЕУЛЕКС. Ветон Елшани, заменик-директорот на полицијата на север вели дека бројот на полицајци ќе се зголемува.

Репортери: Специјалното обвинителство и денеска ја интервјуира министерката Хаџиу за изјавата дека Србија помага во бегството на косовските затвореници

Министерката за правда Албулена Хаџиу во понеделникот во текот на денот беше сослушана во Специјалното обвинителство поради нејзините неодамнешни изјави за бегалците од косовските затвори и нивната помош, според неа, од Србија. Разговорот на Хаџиу, како што соопшти Специјалното обвинителство, ќе продолжи денеска.

Ова вчера за онлајн весникот „Репортери.нет“ го потврди портпаролката на Специјалното обвинителство, Лиридона Козмаќи. Таа најави дека министерот Хаџиу, покрај изјавата дека Србија го помага бегството на косовските затвореници, бил сослушан и во Специјалното обвинителство за нејзините тврдења во телевизиска дебата „во врска со можни средби и разговори со обвинители и судии за случаи на одредени “.

Специјалното обвинителство најавува дека интервјуто на министерот Хаџиу ќе продолжи во вторник.

Блиц: Маќедонци за обуките на терористички групи: Загрижувачки е, но подготвени сме

Косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци, во врска со информациите дека терористички и паравоени групи постојано вршат подготовки во близина на границата со Косово, изјави дека тоа е „вознемирувачко“, но дека според него Косово има капацитети за подготовка и институциите во земјата се подготвени да одржување на редот, законот и проширувањето на суверенитетот.

Маќедонци   на телевизија Дукаѓини изјави дека зголемената будност во косовските институции ги направила паравоените и терористичките групи „несигурни“ за секој следен напад, пренесе Газета Блиц.

КОЛУМНА

Коха: Во првите седишта на историјата

Се вели дека луѓето кои живеат во уникатни историски моменти тоа го разбираат многу подоцна, само со текот на времето. Мислам дека денес сме во таков момент. Следните месеци ќе ја одредат судбината на глобалниот поредок за нас и за идните генерации.

„Оваа нова руска доктрина мора да се признае дека беше успешна. Во споредба со клекнатиот и понижен СССР на Елцин, денешна Путинова Русија е сериозна меѓународна сила, способна да ги проектира своите интереси во Америка, Европа, Африка и Блискиот Исток истовремено.

Од влијанието на процесот на претседателските избори во Америка и манипулирањето со кампањата за БРЕКЗИТ во Европа, до одржувањето на заеднички воени вежби со Јужна Африка и поддршката на Асад во Сирија, Русија дефинитивно е сила со која треба да се смета.

Неодамна, и покрај невидените санкции од Западот како резултат на инвазијата на Украина, Русија ги продлабочи односите со остатокот од светот. Всушност, повеќето земји во светот не воведоа санкции кон Русија.

Путин е примен со почести на Блискиот Исток од принцот на Саудиска Арабија МБС, а во Москва со почести го прими лидерот на најголемата демократија во светот, премиерот на Индија, Моди. Во 2018 година, и покрај првата инвазија на Грузија и Украина, Русија беше епицентарот на светот кој беше домаќин на Светското фудбалско првенство.

Тогаш претседателот на ФИФА рече: „Сите открија прекрасна земја, земја домаќин, која е подготвена да му докаже на светот дека сè што е кажано за тоа претходно, можеби не е вистина. Многу предрасуди се сменија затоа што луѓето ја видоа вистинската природа на Русија“. Оваа изјава дојде само четири години откако Русија беше домаќин на Зимските олимписки игри и само четири години откако Русија ја нападна Украина и го собори цивилниот авион MH17.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во едиторијалот посветен на влијанието на политиките на Путин во светот, насловен “Во првите седишта на историјата, објавен во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ