• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанците најмалку им веруваат на партиите, вратена е довербата во реформираното судство; ЕУ ќе го поддржи Косово со 75 милиони евра; ЕУ претпочита статус кво во дијалогот

June 3, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанците најмалку им веруваат на партиите, вратена е довербата во реформираното судство; ЕУ ќе го поддржи Косово со 75 милиони евра; ЕУ претпочита статус кво во дијалогот

June 3, 2024 11:38
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според последниот извештај на ОН за Албанија, институциите со најмалку доверба се политичките партии и парламентот, како и судовите и обвинителствата, пренесоа албанските медиуми.

Европската унија (ЕУ) ќе го поддржи Косово со 75 милиони евра како дел од енергетскиот пакет, во рамки на Планот за раст, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- ПРЕС.

АЛБАНИЈА

ТОП ЧАНЕЛ – Извештај на ОН: Зголемена довербата во реформираната правда, партиите последни на списокот  

Последниот извештај на Обединетите нации во Албанија за довербата во управувањето, од  крајот на 2023 година со околу 2500 испитаници, покажува преглед на перцепцијата на јавноста во државните институции, транспарентноста, отчетноста и граѓанската вклученост.

Податоците покажуваат дека институциите со најмалку доверба се политичките партии и парламентот, како и судовите и обвинителствата. Но, реформираниот правосуден систем се чини ја доби довербата на Албанците, кои сметаат дека придонесува за позитивен развој на земјата. Главно СПАК, бележи пораст од 10% врз основа на податоците од 2022 година, пренесува Топ Чанел.

Факс Веб – БИЛД: Албанија, центар на европската мафија на трговија со кокаин, банди поврзани и со политиката во земјата

Германскиот весник БИЛД ги расветли мрежите и наркокартелите кои ја снабдуваат Германија и цела Европа со кокаин. На насловната страница весникот објавува текст со наслов: „Албанија, нарко-државата пред нашата врата“. Германските истражители и американските власти предупредија дека оваа земја е центар на европската мафија на кокаин.

Сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, исто така, го предупреди BILD дека албанските банди го преплавуваат германскиот нарко пазар. БИЛД во написот пишува дека мафијашките убиства одамна се дел од секојдневието во Албанија, каде само во 2021 година се забележани 100 вакви убиства. Шефовите на мафијашкиот клан и дилерите на кокаин исто така имаат одлични врски во полицијата, пренесува Факс Веб.

КОСОВО

РТВ 21: ЕУ ќе го поддржи  Косово со 75 милиони евра

Европската унија (ЕУ) ќе го поддржи Косово со 75 милиони евра како дел од енергетскиот пакет. Ова го соопшти шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Томас Сунјог.

Како што соопшти Сзуњог преку социјалната мрежа „Х“, на средбата било констатирано дека Планот за раст дава дополнителен поттик за забрзани реформи и обезбедува финансиски средства за важни проекти, пренесе РТВ 21.

ДВ: „Генерација 99“: Младите од Косово и Србија во Куманово

Како младите од Косово и Србија, родени за време на војната во 1999 година, ја гледаат иднината на овие земји? На иницијатива на ДВ се сретнаа во Куманово каде беше потпишан Договорот со кој заврши војната, пренесе Дојче Веле.

КОЛУМНА

Коха: Зошто ЕУ претпочита статус кво во дијалогот?

Потребно е искрено и отворено да се зборува за одговорноста на ЕУ во досегашниот неуспех на дијалогот меѓу Косово и Србија. Повеќе од интерес за постигнување целосна нормализација, ЕУ докажа дека претпочита статус кво.

Освен повторените барања до Косово „што е можно поскоро“ или „без натамошно одлагање“ за формирање на Заедницата на општините со српско мнозинство, ЕУ не брза за ништо друго освен за дијалог. И на овој начин дојдовме до чудната ситуација кога еврото се смета за „притисок за етничко чистење“, додека барањата за отворање мост како „еднострана акција што води кон дестабилизација на ситуацијата“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната “Зошто ЕУ претпочита статус кво во дијалогот?, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ