• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕП изгласа резолуција за укинување на мерките на ЕУ кон Косово; САД, Германија и Британија бараат координација и напредок во дијалогот; ОБСЕ му донира на СПАК опрема за спречување и истрага на изборен криминал

April 9, 2025

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕП изгласа резолуција за укинување на мерките на ЕУ кон Косово; САД, Германија и Британија бараат координација и напредок во дијалогот; ОБСЕ му донира на СПАК опрема за спречување и истрага на изборен криминал

April 9, 2025 14:14
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент гласаше за нацрт-резолуцијата за Косово, со која, меѓу другото, се бара итно укинување на мерките на ЕУ, јавуваат косовските медиуми.

Како дел од напорите за поддршка на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК), денеска Присуството на ОБСЕ во Албанија донираше комплети компјутерска опрема за зајакнување на капацитетите на новата Работна група СПАК за спречување и истрага на изборен криминал на парламентарните избори на 11 мај, пренесоа албанските медиуми.

За денешното издание на Ал-прес, редакцијата ја одбра колумната „Како се исплашија косовските читатели на Фајненшл Тајмс“објавена во косовскиот дневник Коха.

Во продолжение се поместени сите содржини од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Одобрена нацрт-резолуцијата за Косово, бара укинување на мерките на ЕУ

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент гласаше за нацрт-резолуцијата за Косово, со која, меѓу другото, се бара итно укинување на мерките на ЕУ, пренесе Телеграфи.

Автор на извештајот е Рихо Терас, известувач на оваа институција за Косово, кој веќе даде инструкции дека земјата Косово е во ЕУ.

Овој документ ја поддржува апликацијата на Косово за членство во ЕУ и ги повикува земјите-членки кои не го признале Косово да го сторат тоа без дополнително одлагање.

Европскиот парламент, исто така, ја поддржува апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа и неговиот план за приклучување кон програмата на НАТО Партнерство за мир.

Перископи – САД, Германија и Британија со јасна порака за идната Влада: Очекуваме координација и напредок во дијалогот

Меѓусебната доверба, координација и соработка, како и напредок во дијалогот со Србија се дел од очекувањата на Соединетите Американски Држави, Германија и Обединетото Кралство од новата Влада на Косово.

Овие три земји заедно со Италија и Франција се дел од групата земји познати како QUINT, пренесе Перископи.

Газета експрес: Косово го одбележува  17 години од усвојувањето на Уставот

9 април 2008 година е историски датум за државата Косово. На овој датум беше донесен Уставот на Република Косово, кој стапи на сила на 15 јуни истата година.

Преку овој устав, државата Косово е дефинирана како демократска парламентарна република, заснована на суверенитетот на народот и човековите права и слободи, пренесе Газета експрес.

АЛБАНИЈА

Публик: ОБСЕ му помага на СПАК со технолошка опрема за спречување и истрага на изборен криминал

Како дел од напорите за поддршка на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК), денеска Присуството на ОБСЕ во Албанија донираше комплети компјутерска опрема за зајакнување на капацитетите на новата Работна група СПАК за спречување и истрага на изборен криминал на парламентарните избори на 11 мај.

Опремата – 25 лаптопи, 25 печатачи/скенери и додатоци – ќе се користи од 13 групи за теренска истрага, како и од централната структура во Тирана. Теренските тимови ќе ги покриваат сите 12 региони на Албанија и ќе се состојат од обвинители на СПАК, истражители на Националното биро за истраги (БКХ), финансиски агенти и помошен персонал, пренесе Публик.

Тие ќе се фокусираат на спречување и истражување на кривични дела поврзани со злоупотреба на јавната администрација и државната инфраструктура, како и вмешаност на криминални групи во избори.

КОЛУМНА

Коха: Како се исплашија косовските читатели на Фајненшл Тајмс?

„Новото поглавје, со дефиницијата на претседателот Трамп за американскиот личен интерес, почнува горе-долу вака: сите останати се збогатија на сметка на американскиот проект за слободна трговија, а ние ќе го запреме овој проект со увозни царини.

Во Косово имаше емотивна реакција, како да е еден од најголемите извозници на американските пазари. На некој што гледа однадвор и ги разбира бројките, тоа би изгледало не многу разбирливо; Извозот во Америка нема тежина и, во крајна линија, казнената тарифа е пониска од многу други и, згора на тоа, на крајот ќе ја плати американскиот потрошувач.

За многу земји, тоа ќе изгледа како казнени тарифи, но во едноставни економски термини тоа се зголемени даноци за американскиот потрошувач. Кинеската телевизија која чини 300 долари ќе чини 420 долари, додека патиките од познати спортски брендови произведени во Виетнам ќе чинат колку што е поставена тарифата. Разликата во цената ќе ја плати американскиот потрошувач.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Како се исплашија косовските читатели на Фајненшл Тајмс?“; објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ