• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУЛЕКС посредуваше помеѓу Косово и Србија за отпечатоците на убиецот на српскиот полицаец; Не е исклучена вмешаноста на Радоичиќ во Ујман; ; Курти повика да не се „хероизира“ Фатон Хајризи

July 24, 2024
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУЛЕКС посредуваше помеѓу Косово и Србија за отпечатоците на убиецот на српскиот полицаец; Не е исклучена вмешаноста на Радоичиќ во Ујман; ; Курти повика да не се „хероизира“ Фатон Хајризи

July 24, 2024 12:42
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата ЕУЛЕКС во одговор до медиумите потврдија дека биле посредници меѓу Министерството за внатрешни работи на Србија и косовската полиција во случајот со земање отпечатоци на косовскиот државјанин Фатон Хајризи, кој беше убиен во Србија по бегството, од затворот Смреконица на Косово, пренесоа косовските медиуми.

Радомир Димиќ, претседател на Европската мултиетничка перспектива на Косово, го осуди бомбашкиот напад што се случи викендов, во близина на тунелот 5, на главниот пат кон Ујман, во кој беа оштетени два автомобили, едниот со локален сообраќај, и посочи декане е исклучена можноста Милан Радоиќиќ  да бил вмешан во овој терористички чин.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Бота Сот: ЕУЛЕКС и помогнаа на косовската полиција да ги добие од Србија отпечатоците на Фатон Хајризи

Мисијата ЕУЛЕКС во одговор до медиумите потврдија дека биле посредници меѓу Министерството за внатрешни работи на Србија и косовската полиција во случајот со земање отпечатоци на косовскиот државјанин Фатон Хајризи, кој беше убиен во Србија по бегството, од затворот Смреконица на Косово.

Од ЕУЛЕКС за Експрес потврдија дека за предметниот случај добиле барање кое го обработиле согласно мандатот.

„Во согласност со актуелниот мандат на ЕУЛЕКС, мисијата ја поддржува косовската полиција во областа на меѓународната полициска соработка преку олеснување на размената на информации помеѓу косовската полиција и ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ или Министерството за внатрешни работи на Србија. Во овој случај, ЕУЛЕКС прифати барање кое е обработено во согласност со нашиот мандат“, се вели во одговорот од Канцеларијата за медиуми на ЕУЛЕКС.

На крајот од одговорот ЕУЛЕКС вели дека „Секоја можна размена на полициски информации олеснета преку ЕУЛЕКС е покриена со принципот на доверливост“, пренесе Бота Сот.

Газета Експрес – Димиќ: Не е исклучена вмешаноста на Милан Радоичиќ во терористичкиот акт во Ујман

Радомир Димиќ, претседател на Европската мултиетничка перспектива на Косово, го осуди бомбашкиот напад што се случи викендов, во близина на тунелот 5, на главниот пат кон Ујман, во кој беа оштетени два автомобили, едниот со локален сообраќај, а другиот со Американски регистарски таблички.

Димиќ рече дека не е исклучена можноста Милан Радоиќиќи да бил вмешан во овој терористички чин.

„Се знае кому не му се допаѓа нормализацијата на ситуацијата и кој сака да ја поткопа успешната работа на Владата на Косово и институциите на Република Косово. Оставајќи впечаток дека тоа е Србија, тоа се должи на губењето на контролата и влијанието на северот на Косово, додека Албин Курти не стана премиер.

Можно е и Милан Радоичиќ  да бил вмешан во овој терористички чин, како и многу други криминални групи кои правеле што сакале, збогатувајќи се нелегално. Оттука и овој криминален чин, бидејќи не им е лесно да се помират со политичките загуби и со која било друга моќ што несомнено ја имале. Повеќе од две децении се „држава во држава“ и секако на ова му дојде крајот, благодарение на владата на Албин Курти, кој успеа да ги протера овие лажни криминалци, да воспостави право, јавна безбедност и мир“, се наведува во соопштението за печатот на Европската мултиетничка перспектива на Косово, пренесе Газета Експрес.

РТВ 21 – Курти: Граѓаните да не станат плен на еуфоријата на херојството и романтизмот на Фатон Хајризи, Африм Буњаку  е патриот!

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е потребна локална и меѓународна истрага за случајот на Фатон Хајризи.

Курти на владината седница во средата порача дека граѓаните не треба да станат плен на еуфоријата на хероизирање и романтизирање на Фатон Хајризи.

Според него, херој и патриот е наредникот Африм Буњаку, кој беше убиен за време на српскиот терористички напад во Бањска и Звечан, како и полицаецот Енвер Зимбери, кој беше убиен во 2011 година, пренесува РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Газета Шќип: Во Британија со гумени чамци! „Војната“ меѓу албанските трговци со луѓе и англиските власти се пресели на социјалните мрежи

По последователните ветувања на британските премиери за ставање крај на илегалната имиграција, се чини дека албанските трговци со луѓе почнаа повторно да го оспоруваат нивниот авторитет.

Сега овие групи кои превезуваат Албанци во Велика Британија преку илегални патишта се вратија на социјалните мрежи за да ја рекламираат својата активност. Странските медиуми јавуваат дека околу 12.000 објави кои рекламирале патувања со брод до Обединетото Кралство од страна на криминални групи се отстранети од социјалните платформи, пренесе Газета Шќип.

КОЛУМНА

Коха: „Ковидски“ размислувања за американската демократија

„Верувањето на претседателот Бајден дека ако еднаш го победи г-дин Трамп, ќе му се гарантира дека ќе го победи повторно, што е исто како и верувањето дека ако еднаш го прележите КОВИД, организмот нема да дозволи повторно да се појави.

Впрочем, сите показатели покажаа дека Трамп, поразениот на последните избори – да ја искористам аналогијата до крај – создаде мутација на самиот себе, која може успешно да навлезе во телото со низок имунитет на американската демократија.

И, повторно, по аналогија, претседателот Бајден сфати дека имунитетот на американската демократија повеќе не може да се брани со неговото уморно тело – уморен од примерната служба на американската демократија и онаа на светот, повеќе од половина век, но уште уморен.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Ковидски“ размислувања за американската демократија“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ