• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гренел предупредува за сериозни последици; можен е предлог за недоверба на владата на Курти; насилствата во Звечан диригирани од Белград

June 8, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гренел предупредува за сериозни последици; можен е предлог за недоверба на владата на Курти; насилствата во Звечан диригирани од Белград

June 8, 2023 11:34
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По тензиите на северот на Косово, меѓународната заедница, односно САД и ЕУ му дадоа рок до петок на Курти, да се придржи до преземените обврски претходно. Поранешниот пратеник на Соединетите Американски Држави во преговорите Косово-Србија, Ричард Гренел порача дека Последиците би можеле да бидат многу сериозни ако Курти и каже „не“ на меѓународната.

Косовски аналитичари велат дека можно е косовската опозиција да предложи недоверба на владата на Курти, по средбите со западни дипломати.

Ова се само дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Клан Косова -Гренел: Последиците би можеле да бидат многу сериозни ако Курти и каже „не“ на меѓународната

„Курти не разбира што се случува со Косово. Меѓународната заедница му даде рок до петок да се придржува до обврските што неговата земја ги презеде претходно. Моите пријатели во Косово треба да бидат подготвени на сериозни последици доколку Курти не се согласи. Ги видов последиците и не се убави“, порача Поранешниот пратеник на Соединетите Американски Држави во преговорите Косово-Србија, Ричард Гренел, пренесе Клан Косова.

Европа е Лире: Предлог за недоверба на Владата за да се избегнат последиците од Западот?

Лајчак и Ескобар, на 6 мај, се сретнаа со лидерите на трите опозициски партии во Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Демократската лига на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК).

Како што велат претставниците на овие партии, на средба со западни дипломати се разговарало за актуелната криза на северот на Косово и за барањата на Западот до Владата на Косово да излезе од ситуацијата создадена таму.

Познавачот на политичките случувања, Артон Демхасај од невладината организација Левизја Чоху, смета дека Лајчак и Ескобар разговарале и со опозициските партии за алтернативни опции за излез од создадената ситуација.

Демхасај за Радио Слободна Европа вели дека не е исклучена можноста на средбата на Лајчак и Ескобар со претставниците на опозициските партии да се разговарало и за можноста за гласање недоверба на Владата на Курти.

Тој смета дека таквата идеја е во согласност и со изјавата на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој на 6 јуни рече дека не поддржува поединец кој „нема инстинкт за соработка“, алудирајќи на премиерот Курти, пренесува Радио Слободна Европа на албански јазик.

Газета Блиц: Помал број демонстранти во Звечан

„Локалните Срби продолжуваат со протестите во Звечан, каде што денеска се собраа во помал број  во близина на општинската зграда.“, пренесе Газета Блиц.

Сури нет: Состојбата во северна Митровица, Вучиќ планира разговори со косовските Срби

„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека од 9 до 12 јуни ќе разговара со косовските Срби, бидејќи тензиите на северот на Косово продолжуваат.

Вучиќ за време на обраќањето во Белград им се заблагодари на Србите во Косово кои, според него, мирно се борат за своите права.“, пренесе Сури нет.

Зери – Експертот Курт Басуенер: Насилството во Звечан врз КФОР беше диригирано од Белград

„Од гледна точка на меѓународните аналитичари, ситуацијата на северот на земјата се смета за диригирана од Белград, вели политикологот Курт Басуенер, кој долго време се занимава со случувањата на Балканот. Тој вели дека формирањето на Здружението има за цел да го зајакне Белград, за преку него како инструмент да ја држи под контрола тензијата и ескалацијата на ситуацијата.

Политикологот Курт Басуенер е ко-основач и постар соработник на Советот за политика за демократизација со седиште во Берлин, основан во 2005 година.“, пренесе  Зери.

КОЛУМНА

Бота Сот -Краки: „Косово не е ниту Судан, ниту Либија да и се воведуваат санкции“

„Косово треба да има нови избори на север и пристапот на Албин е по проамерикански на долг рок отколку пристапот на Ескобар, кој бара моментален личен успех. Веќе не е време кога демократските влади се соборуваат и назначуваат во срцето на Европа. Тоа не е Косово, Судан или Либија. Тоа доаѓа како каубој од Тексас кој ја злоупотребува моќта на Америка и пријателството што го имаме со неа.

Мирослав Лајчак не е Европа. Никогаш не бил. Како тогашен министер за надворешни работи на Словачка, тој беше позициониран против Европа и против Америка, со ревност и убедување против независноста на Косово. Никогаш, во ниту еден момент, оваа личност не покажала почит кон Косово или дури симболично прифаќање на нашата држава. Неговата мисија е да избегне конфликт, а не да најде долгорочни решенија.

А единствена закана за конфликт на Балканот е Србија, не Косово. Србија во Уставот го има Косово. Дали Ескобар или Лајчак го спомна ова? Неееее!“, пишува аналитичарот  Незир Краки, во колумната „Косово не е ниту Судан, ниту Либија да и се воведуваат санкции“, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ