• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Контроверзии околу телефонскиот разговор Кусари Лила – Радоичиќ; Мелони на увид на бегалските кампови во Албанија

June 5, 2024

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Контроверзии околу телефонскиот разговор Кусари Лила – Радоичиќ; Мелони на увид на бегалските кампови во Албанија

June 5, 2024 11:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми веќе два дена  се преплавени со коментари и анализи на разговорот на Мимоза Кусари Лила ( шефица на парламентарната група на ВВ) со Милан Радоичиќ, организаторот на терористичкиот напад во Бањска.

Италијанската премиерка  Џорџа Мелони денеска ќе ја посети Албанија и ќе се сретне со премиерот Еди Рама во Шенѓин, каде ќе се градат имигрантските кампови, известија албанските медиуми.

КОСОВО

Бота Сот: Реакции и „вистини“ за разговорот помеѓу Мимоза Кусари Лила и Радоичиќ

Во понеделникот медиумите објавија краток разговор меѓу шефицата на пратеничката група Ветевендосје, Мимоза Кусари-Лила и српскиот криминалец Милан Радоичиќ.

Разговорот, кој траеше помалку од една минута, го посредувал Славко Симиќ од Српска листа. Според извештаите, овој разговор се случил во јуни 2022 година, во времето кога Милан Радоичиќи бил вклучен во Црната листа. Според верзијата на Кусари-Лила, разговорот се случил откако Симиќ „без предупредување го пуштил интерфонот“.

„Мимоза Кусари-Лила не е членка на Движењето Ветевендосје; и да беше членка, за овие работи има дисциплинска комисија, затоа што ВВ нема диктаторски претседател кој носи такви одлуки. Јас самиот не сум ги слушнал, но граѓаните на Косово знаат кој соработувал со Радоичиќ и многу им е јасно зошто Радоичиќ сега бега а порано беше во владата“, се произнесе косовскиот премиер Албин Курти.

Објавениот разговор предизвика реакција од опозицијата, од кои некои побараа оставка од владата, а други отфрлија евентуална коалиција со владејачката партија.

Милан Радоичиќ е и организатор на терористичкиот напад на 24 септември во Бањска и Звечан и сè уште не се преземени никакви мерки против него, пренесува Бот Сот.

РСЕ: Стејт департментот  бара фер правен процес за уапсените во Србија за воени злосторства

Од Американскиот Стејт департмент  за Радио Слободна Европа соопштија  дека се запознаени со апсењето на поединец од страна на српските власти под сомнение за воени злосторства во 1990-тите и повикува на фер и транспарентен правен процес против него и други лица кои се уапсени под истите сомненија.

Ова го изјави портпаролката на ДАШ, во барањето да го коментира приведувањето на косовскиот државјанин Тефик Мустафа од страна на српските власти на граничниот премин меѓу Косово и Србија, Мердаре, на 1 јуни.

Судот во Белград против него донел мерка притвор во траење од 30 дена.

Ги повикуваме српските институции да гарантираат фер и транспарентен правен процес за овој случај, како и за секое друго апсење, во согласност со владеењето на правото“, се вели меѓу другото во одговорот на Стејт департментот на САД, пренесува Слободна Европа на албански јазик.

Во последните три години во Србија беа уапсени повеќе државјани на Косово, како што беше кажано, под сомнение дека извршиле злосторства за време на војната на Косово во периодот 1998-99 година.

Српските власти на 17 април годинава под истото сомневање на еден од граничните премини Косово-Србија уапсија уште еден косовски државјанин Садик Дурак.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Мелони денеска во Албанија ќе ги посети центрите за имигранти во Шенѓин и ќе одржи прес конференција со Рама

Италијанската премиерка  Џорџа Мелони денеска ќе ја посети Албанија. Таа ќе се сретне со премиерот Еди Рама во Шенѓин, каде ќе се градат имигрантските кампови, а се очекува двајцата колеги да одржат прес-конференција, пренесува Телеграфи.

Според договорот, пристаништето во кое ќе пристигаат имигрантите  ќе биде Шенѓин, каде што ќе биде формиран првиот центар кој ќе служи за идентификација и регистрација на бегалците, додека Ѓадри ќе биде камп за нивно сместување додека се чекаат одговорите на барањата за азил. Прифатниот центар ќе има капацитет од 3.000 места, додека по завршувањето на процедурите за проценка, италијанските власти на сопствен трошок ќе ги отстранат имигрантите од албанската територија.

На договорот меѓу Албанија и Италија за имигрантите се спротивставија италијанската и албанската политика и опозициите на двете влади.

Панорама: СПАК отвори истрага за 4 кривични дела генералниот директор на даночната управа Клоси

Цено Клоси од март годинава е под истрага на СПАК за сторени кривични дела „корупција“, „злоупотреба на службена должност“, „измама“ и „фалсификување исправа“.

Според  официјалните податоци на обвинителската институција, 6 месеци пред првиот извештај, опозицијата поднела уште една пријава против генералниот директор за даноци Клоси.

По отворањето на истрагата, Клоси поднесе оставка, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Коха: Институтот за „гатанки“ од Љубљана, австриска дипломатска академија и улогата на руската тајна служба

„Австрија стана арена на руските тајни служби. Според германските медиуми, постои сомневање дека руската воена служба влијаела на спроведување на семинари на Дипломатската академија во Виена.

Изгледа во сета оваа супа е измешан Босанец, кој во Виена го претставува институтот ИФИМЕС од Љубљана, познат повеќе како центар кој продава бајки како политичка анализа“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Институтот за „гатанки“ од Љубљана, австриска дипломатска академија и улогата на руската тајна служба“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ