• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Меѓународните бараат формирање на Заедницата; Албанија ќе служи како транзитна земја за жито од Украина

April 25, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Меѓународните бараат формирање на Заедницата; Албанија ќе служи како транзитна земја за жито од Украина

April 25, 2023 15:30
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изборите на северот на Косово се една од главните теми во косовските медиуми и денеска, според кои, изборите на север не се гледаат како долгорочно политичко решение, меѓународните бараат формирање на Заедницата. Украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солскиј и албанската министерка за земјоделство и рурален развој Фрида Крифца одржаа онлајн состанок на кој разговараа за земјоделскиот извоз и транзитот на украинските земјоделски производи, и се согласија за предлогот за исплата на компензација за транспорт на жито во Европа, кој би се засновал на прогресивен принцип.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Репортери: Изборите на север не се гледаат како долгорочно политичко решение, меѓународните бараат формирање на Заедницата

„За Европската Унија, изборите одржани во недела на северот на Косово (23.04.) не нудат долгорочни политички решенија за четирите општини на северот на Косово. Според ЕУ, политичкото решение „може да се постигне само преку трајно враќање на Србите во институциите на Косово“. Само нешто повеќе од 3% од речиси 45.000 гласачи учествуваа на вонредните избори за градоначалник на северните општини, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Изборите беа масовно бојкотирани од локалните Срби.“, пренесе Репортери.

Инсајдери: Косово забранува кинеска опрема при јавните набавки, тие претставуваат ризик за националната безбедност

Регулаторната комисија за јавни набавки (РК) го забрани одобрувањето на телекомуникациската опрема од Кина, како Huawei и ZTE, бидејќи тие претставуваат ризик за националната безбедност на земјата.

КРПП им наложи на бизнисмените да не конкурираат за јавни набавки со кинеска и руска технолошка опрема.

Во соопштението на веб-страницата за е-набавки, КРПП објави дека кинеските и руските технолошки уреди како „Хуавеј“ и „АО Касперски Лаб“ се забранети со законските одредби кои важат на Косово, пренесе Инсајдери.

РТВ 21: ЦИК денеска ќе ги објави  резултатите од изборите за општините на  северот

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека денеска ќе бидат објавени резултатите за вонредните избори во четирите северни општини на Косово.

На дневен ред е и објавувањето на резултатите за изборите за градоначалник во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, како и предвремените избори за општинските собранија во Звечан и Лепосавиќ, пренесе РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: Албанија ќе служи како транзитна земја за жито од Украина

“Украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солскиј и албанската министерка за земјоделство и рурален развој Фрида Крифца одржаа онлајн состанок на кој разговараа за земјоделскиот извоз и транзитот на украинските земјоделски производи.

Соодветната изјава ја даде Министерството за аграрна политика и храна на Украина, јавува дописникот на Укринформ.

Крифца на онлајн средбата изрази поддршка за предлогот за исплата на компензација за транспорт на жито во Европа, кој би се засновал на прогресивен принцип.“, пренесе Факс Веб.

РТШ: Изборната канцеларија на „Башке фитојме“ надвор од правилата, Казијај: СП со билборди на секоја улица, следењето да биде еднакво

„На денешната седница на ЦИК се разговараше за отворање изборна канцеларија од страна на Коалицијата „Заедно победуваме“ многу блиску до ЦИК бр. 37, што, според мониторот, не ги почитувало правилата за растојание и е спротивно на упатството бр.6.“, пренесе РТШ.

КОЛУМНА

Балкан Веб: Прадедовците на Абрамовиќ и погрешните референци на власта

„Минатиот септември, Европската комисија ја тужеше Малта пред ЕСП откако лабуристичката влада одби да стави крај на шемата за златен пасош и покрај бројните скандали; ова, исто така, вклучува видеа на владини претставници кои разговараат за одвојувањето на митото од доделувањето државјанство. Всушност, малтешките лабуристи владеат од 2013 година преку државно заробување, корупција на високо ниво, перење пари и убиство на истражувачката новинарка Дафне Каруана-Галиција.“, извадок од колумната „Прадедовците на Абрамовиќ и погрешните референци на власта“, од авторот Генц Поло, објавена во Балкан Веб.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ