• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Молотови коктели и барање оставка од Рама на синоќешните протести на албанската опозиција; Косово за првпат вклучено на самит на НАТО

July 12, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Молотови коктели и барање оставка од Рама на синоќешните протести на албанската опозиција; Косово за првпат вклучено на самит на НАТО

July 12, 2024 10:43
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана синоќа се одржаа најавените протести на опозицијата. Протестите се одвиваа пред Владата на Република Албанија.

Неколку волеи од молотови бомби кон седиштето на Советот на министри, упорното барање за смена на премиерот Еди Рама и создавање техничка влада која ќе ја води земјата кон избори и последователните тензии пред градското собрание на Тирана ги одбележаа протестите, јавуваат албанските медиуми.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на американскиот претседател Џо Бајден ја претставуваше земјата на завршниот настан на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Османи го оцени учеството таму  од посебно значење за државата Косово.

„Првпат во историјата Косово е вклучено на Самит на Алијансата надеж и за тоа лично сум им благодарен на претседателот Бајден и на САД“, нагласи Османи, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

ВОА: Тирана, протест на опозицијата, со молотови коктели кон седиштето на Владата

Неколку волеи од молотови бомби кон седиштето на Советот на министри, упорното барање за смена на премиерот Еди Рама и создавање техничка влада која ќе ја води земјата кон избори и последователните тензии пред градското собрание на Тирана го одбележа протестот организиран од опозицијата во четвртокот вечерта.

Демократскиот претседател Сали Бериша последен им се обрати на неколку илјади демонстранти кои се собраа на главниот булевар. Тој зборуваше преку видео-врска од куќата во која е приведен од декември минатата година, откако се спротивстави на мерката „обврска за јавување“ што ја нареди Специјалниот суд, како дел од истрагата за приватизацијата на поранешниот клуб Партизани во главниот град, во времето кога тој ја водеше државата како премиер.

На почетокот на говорот на  Бериша, од големите екрани поставени на подиумот на булеварот кон зградата на Владата почнаа да се фрлаат молотови коктели. Бучавата од нивните експлозии, заедно со пламенот и чадот, за неколку моменти станаа позадина на говорот на лидерот на опозицијата, пренесе Гласот на Америка.

Лапси – ОЕЦД: Албанија со влошена состојба  на 28% од развојните цели за 2030 година

Албанија постигна умерен напредок кон постигнување на целите за одржлив развој од Агендата 2030 година за време на периодот на евалуација во 2023 година, направен од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Познатата меѓународна организација детално ги анализираше случувањата во Албанија во последната публикација, каде што истакна дека земјата има одреден напредок во 30,9% од показателите, додека перформансите се влошени кај 27,9% од показателите од групата 17 главни глобални цели кои мора да се реализираат до 2030 година, пренесе Лапси.

КОСОВО

Панорама: Османи меѓу светските лидери: Косово за првпат  вклучено на самит на НАТО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на американскиот претседател Џо Бајден ја претставуваше земјата на завршниот настан на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Османи го оцени учеството таму  од посебно значење за државата Косово.

„Првпат во историјата Косово е вклучено на Самит на Алијансата надеж и за тоа лично сум им благодарен на претседателот Бајден и на САД“, нагласи Османи, пренесува Панорама.

РЕЛ: Дали Русија се обидува да го дестабилизира Косово преку Србија?

Заканата од можна ескалација на северот на Косово е „голема и реална“, оценува Ивана Страднер,  истражувачка  во Фондацијата за одбрана на демократиите, со седиште во Вашингтон.

Таа за Радио Слободна Европа вели дека тоа е затоа што Русија – која не ја признава независноста на Косово – се обидува да го оттргне вниманието од војната во Украина, каде, според неа, не се претставува добро.

За ова, според Страднер, Русија бара „ранливи точки на Запад, а најранлива точка во моментов во Европа е Балканот: Босна и Херцеговина и Косово“.

Токму северот на Косово и заканите за отцепување на дел од Босна, САД ги опишаа како главни безбедносни ризици во регионот, каде што треба да се исклучи можноста за употреба на сила за решавање на прашањата.

КОЛУМНА

Јава Њуз: „Дрвјата имаат корени, луѓето имаат нозе“

„Историјата на Албанците е приказна тесно поврзана со континуираното движење на сопствениот народ и другите раселувања, а официјалните податоци од Пописот 2024 нè соочија со намалување на населението во навистина вознемирувачка мера.

Албанците кои живеат во странство стануваат речиси еднакви по број со оние што живеат во земјата: околу 2,4 милиони луѓе живеат во Албанија, наспроти 2,2 милиони очи во странство. Економијата беше таа што пред години ги даваше првите знаци на недостиг на работна сила, но функционерите тоа го земаа здраво за готово.

Од 2011 до 2021 година, 214.000 луѓе ја напуштиле земјата, според мерењата добиени од методологијата за нето имиграција на INSTAT, но во 2022 година, феноменот стана поагресивен, бидејќи бизнисите во трговскиот сектор открија дека има моментален пад на потрошувачката, додека сите секторите, вклучително и јавниот, беа во вонредна состојба за вработените.“, пишува албанскиот Автор, Бен Андони во колумната „Дрвјата имаат корени, луѓето имаат нозе“, објавена во дневникот Јава Њуз.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ