• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: НАТО не се откажува од политичко решение на северот на Косово; во Подгорица протести за поддршка на Србите; Стапот на Смиѓиќ и лекциите за северот

June 1, 2023

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: НАТО не се откажува од политичко решение на северот на Косово; во Подгорица протести за поддршка на Србите; Стапот на Смиѓиќ и лекциите за северот

June 1, 2023 11:38
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И денеска главниот фокус на регионалните медиуми на албански јазик се фокусирани на тензиите на северот на Косово. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека испраќањето дополнителни војници на Косово „не значи“ дека Алијансата се откажува од можно политичко решение за тековните судири на северот на земјата, а во Подгорица синоќа се одржа протест за поддршка на Србите на Косово. Според медиумите, учесниците на протестот носеа маици со натпис „Не се предава“, „Косово е Србија“, „Русија и Црна Гора“, а имало и такви со буквата „З“ и ликот на Ратко Младиќ и Владимир Путин.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од лабанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Столтенберг : Испраќањето дополнителни војници на Косово не значи дека се откажуваме од политичкото решение

„Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот рече дека испраќањето дополнителни војници на Косово „не значи“ дека Алијансата се откажува од можно политичко решение за тековните судири на северот на земјата.

Оваа изјава на Столтенберг дојде пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во норвешката престолнина Осло.

Запрашан дали испраќањето дополнителни 700 војници на НАТО на Косово и одржувањето на баталјон подготвен во случај на понатамошна потреба значи дека Алијансата очекува борбите да се претворат во поголем конфликт во Европа по руската војна во Украина, Столтенберг рече: „Ова не значи дека НАТО дава за политичко решение“, пренесе Репортери.

КланКосова: Во Црна Гора протест за поддршка на Србите на Косово

Во Подгорица синоќа се одржа протест за поддршка на Србите на Косово.

Не е познат организаторот на средбата на која учествуваа десетици граѓани, еден од насобраните рече дека се работи за „група граѓани“.

Поканата за собирот е испратена преку социјалните мрежи. Учесниците на протестот носеа маици со натпис „Не се предава“, „Косово е Србија“, „Русија и Црна Гора“, а имаше и такви со буквата „З“ и ликот на Ратко Младиќ, Владимир Путин, јавува Кланкосова.тв.

Зери – „Гардијан“: Британците се загрижени поради санкциите на САД и ЕУ против Косово

„Гардијан“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека Британците ја изразиле својата загриженост што Соединетите Американски Држави и Европската Унија му се закануваат на сојузникот со казна поради начинот на кој се справуваат со неодамнешните случувања на северот. Според нив, САД и ЕУ прават грешка“, пренесува косовскиот дневник Зери.

АЛБАНИЈА

Панорама: „Златните пасоши“ ја носат Албанија во неволја со ЕУ Р-СЕ: Проект во време кога „безбедноста е загрозена“

„Кои се придобивките и ризиците од „златниот пасош“? Ова е дебатата што се води во Албанија, додека за Европската Унија е повеќе од јасно дека овој проект мора да се прекине.

Според ЕУ, ризиците од овој пасош се многу и тие се поврзани со економијата, но и со безбедноста. „Златен пасош“ може да добие и странски државјанин кој инвестира одредена сума пари во соодветната земја. Во Албанија иницијативата сè уште не е финализирана и не се познати ниту критериумите за да се има корист од неа, ниту сумата што треба да се инвестира. За прв пат оваа иницијатива беше спомната од премиерот на Албанија, Еди Рама, во 2019 година.“, пренесе Панорама.

Арбреш: Во Албанија градбите без дозвола ќе се користат за социјални станови

“Сите објекти кои се изградени без дозвола одземени од државата ќе се користат за социјални станови и јавен интерес.

Владата на Албанија го одобри предлог-законот со кој се дефинира како да се постапува во случај на префрлање од приватни во државни објекти за кои е утврдено дека ги прекршуваат дозволите.“, пренесе албанскиот медиум Арбреш.

КОЛУМНА

Коха: Стапот на Драган Смигиќ и четирите лекции од север

„Настаните на север се однесуваа на Украина, Русија и Белград.

Во официјална Приштина можеби изгледа сосема логично да се испратат тројца градоначалници со специјална полиција во нивните канцеларии. Но, испраќањето специјална полиција, иако дел од законитоста, не можеше да го компензира нивниот недостаток на легитимитет. Дури и многу подалеку од оваа дебата меѓу законитоста и легитимноста, од перспектива на европската безбедност, барикадите во Звечан се сметаа за добра можност да се тестира НАТО кога е ангажиран во поддршката на Украина.

Кога Драган Смиѓиќ тепа војници на НАТО во Звечан, неговата палка е крената во Москва. Од перспектива на Путин, тој е волонтер во војната што Русија ја води против западната цивилизација.

Следствено, стапот на Драган Смигиќ е предупредување за мирните демонстранти во Белград, за тој тивок дел од српското општество од кој се плаши власта, дека и тие се противници на големата војна што се води против Западот.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „ Стапот на Драган Смигиќ и четирите лекции од север“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборирегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ