• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пуштен во сообраќај тунелот „Муриз“ како дел од „Руга е Арбрит“; Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово; Влада, или нови избори?

March 14, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пуштен во сообраќај тунелот „Муриз“ како дел од „Руга е Арбрит“; Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово; Влада, или нови избори?

March 14, 2025 12:24
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, денеска свечено се пушта во сообраќај тунелот „Муриз“, проект кој во земјата се оценува како најважното дело на „Руга е Арбрит“, а значајно ќе ги приближи граѓаните од цела Албанија, вклучително и Дебар во Северна Македонија, јавуваат тамошните медиуми.

Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово, а последните апсења само ја истакнуваат континуираната опасност, велат експертите. Според нив, оваа активност не само што ја дестабилизира земјата внатрешно, туку и штети на нејзината меѓународна позиција. Институциите, пак, главно молчат за големината на проблемот, анализираат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Економиа онлајн: Денеска се пушта во сообраќај тунелот „Муриз“

Денеска ќе биде пуштен во сообраќај тунелот Муриз, најважното дело на „Руга е Арбрит“.

Тунелот Муриз е во должина од 3,78 километри и се состои од два колосеци, сообраќаен и итен. „Руга е Арбрит“ има вкупно 7 тунели со вкупна должина од 8,5 километри.

Не само што ќе ги приближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија до Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде артерија на економски развој и туризам, пренесе Економиа онлајн.

РТШ: Православната црква на Албанија избира нов архиепископ по смртта на Јанулатос

Новиот архиепископ Тирана, Драч и цела Албанија ќе биде избран на 16 март.

Архиепископот на оваа функција ќе го наследи архиепископ Анастас, кој почина на 25 јануари.

„Светиот синод на Автокефалната православна црква на Албанија информира дека изборот на новиот архиепископ Тирана, Драч и цела Албанија, кој ќе го наследи починатиот архиепископ Анастас, ќе се одржи во Втората недела од Великиот пост, на 16 март 2025 година, во Синодскиот центар, по Божествената Литургија. Процесот на избор ќе ги следи одредбите на Статутот на Автокефалната православна црква на Албанија“, се наведува во соопштението на Автокефалната православна црква, пренесе РТШ.

На 95-годишна возраст почина архиепископот Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос, познат по својот придонес во заживувањето на Автокефалната православна црква на Албанија пред повеќе од 30 години.

КОСОВО

РСЕ: Скриена закана од шпионажа: Обиди да се направи Косово „нефункционално“

Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово, а последните апсења само ја истакнуваат континуираната опасност, велат експертите. Според нив, оваа активност не само што ја дестабилизира земјата внатрешно, туку и штети на нејзината меѓународна позиција. Институциите, пак, главно молчат за големината на проблемот.

Поранешниот главен инспектор на Косовската разузнавачка агенција (КИА), Бурим Рамадани, шпионажата ја смета за една од главните закани за националната безбедност во земјата.

Неодамнешните апсења, но и други кривични постапки против некои осомничени покажуваат, според него, колку Косово е ранливо на такви странски разузнавачки активности.

„Штетите што треба да се предизвикаат се оние што го прават Косово да изгледа лошо надвор и го става под тензија внатре“, вели Рамадани за Радио Слободна Европа.

На 28 февруари годинава, Јелена Ѓукановиќ од српската заедница на северот на Косово беше уапсена под сомнение за шпионажа.

Епока е ре: Косово, кон нови избори или влада?

Формирањето на нови институции продолжува да зависи од подготвеноста на политичките партии да соработуваат меѓу себе, а не се исклучуваат и предвремени избори. Но, познавачите на изборниот процес постигнувањето решение за формирање институции го гледаат како поблиска можност дури и од избори.

Забарикадирањето на политичките партии во нивните позиции во однос на соработката за формирање нови институции ги зголеми прашалниците дали ќе имаме решение за создадената ситуација или земјата ќе оди на предвремени избори, се наведува во статија на косовскиот портал Епока е ре.

КОЛУМНА

Коха: „ Време за промена на курсот“

„Еден ден премиерот се најде на нива. Иако идејата на премиерот беше да се пренесе напредокот на земјоделската политика на Косово, медиумското тело беше заинтересирано за дијалогот. И така, одговарајќи на интересот на новинарите за дијалогот, тој реши целиот настан да го претвори во шега.

Овој настан тој го резимираше на следниов начин: „Додека разговаравме со земјоделците, новинарот кој не следеше низ нивите упорно ме прашуваше за Лајчак. Го прашав трактористот за Лајчак, но тој одмавна со главата и му даде гас на тракторот“.

Иако беше наменета за шега, оваа „карикатура“ на премиерот убаво ја долови суштината на проблемот со интегративните процеси на земјата. Како премиерска шега, шега стана и нашиот интегративен процес. Тој стана циничен.

Всушност, можеме да кажеме дека воопшто не постои. Од 2016 година, Косово не помести ниту еден чекор во процесот на интеграција. Во 2016 година стапи на сила Спогодбата за стабилизација-асоцијација и оттогаш не направивме формален чекор кон членство во ЕУ.

Причина? – Дијалогот. Долго време дијалогот го монополизира интегративниот пат на земјата. Премиерот велеше дека дијалогот е приоритет број седум, но на крајот го потроши најголемиот дел од своето внимание со него во последните четири години, бидејќи тоа беше речиси единствената причина за неговите посети на европскиот град Брисел.

Од Брисел до полињата на Гњилане, дијалогот стана единствена и главна тема на нашиот процес на интеграција. Трактористот можеби избега од дијалогот давајќи му плин, но премиерот немаше каде да бега. Дијалогот и понатаму е негова главна главоболка.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Време е за промена на курсот“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ