• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК ја обзнани стратегијата за истрага на изборен криминал; Досега се регистрирани над 160 000 гласачи од дијаспората за изборите во Албанија; Европратениците бараат да се забрза процесот на интеграција за Косово

February 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК ја обзнани стратегијата за истрага на изборен криминал; Досега се регистрирани над 160 000 гласачи од дијаспората за изборите во Албанија; Европратениците бараат да се забрза процесот на интеграција за Косово

February 21, 2025 13:00
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство ја објави „Стратегијата за истрага и спречување на изборниот криминал“, за изборниот процес закажан на 11 мај, и нагласува дека ќе има теренска проверка на показателите или фактите за извршување на кривични дела во рамките на изборите за Собранието 2025 година, објавија албанските медиуми.

Мнозинство од пратениците на Европскиот парламент кои учествуваа во дискусиите за нацрт-извештаите за Косово и Србија, побараа Европската унија да го разјасни интегративниот процес на Косово, за оваа земја да не остане сива зона на картата на Европа, пренесуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Коха Јоне: СПАК ја обзнани стратегијата за истрага на изборниот криминал

Специјалното обвинителство ја објави „Стратегијата за истрага и спречување на изборниот криминал“, за изборниот процес закажан на 11 мај.

СПАК нагласува дека ќе има теренска проверка на показателите или фактите за извршување на кривични дела во рамките на изборите за Собранието 2025 година, Работната група ќе ги проверува извештаите кои предизвикуваат основано сомневање за злоупотреба на буџетот и јавните инвестиции во изборниот период од страна на специјалните субјекти, пренесе Коха Јоне.

Во фокусот на СПАК ќе бидат медиумите и социјалните мрежи кои ќе се следат за можни индиции за извршување на кривични дела во рамки на изборите.

Целиот процес според СПАК ќе се одвива благодарение на меѓуинституционалната соработка со Јавното обвинителство, Централната изборна комисија, Државната полиција, меѓународните организации и граѓанските организации кои ги следат изборните процеси.

Досја ал: Досега се регистрирани над 160 000 гласачи од дијаспората, соопшти албанската ЦИК

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 11 мај, а новина на овие избори ќе биде гласањето на дијаспората. Албанците кои живеат во странство ќе можат да гласаат без потреба физички да дојдат воземјата.

Апликацијата на која гласачите можат да се пријават во странство е достапна во различни форми, почнувајќи од официјалната веб-страница на Изборната комисија, но може да се преземе и како телефонска апликација. Во однос на регистрацијата, потребен ви е точен телефонски број, адреса на е-пошта, а потоа се креира лозинка која има 8 знаци. За да се активира регистрацијата, ЦИК испраќа 6-цифрена шифра за активирање преку е-пошта или телефонски број.

Претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Целибаши соопшти дека од 11 јануари досега се регистрирани над 160.000 гласачи во странство, пренесе Досја ал.

Тој понатаму соопштува дека гласачите од странство чие барање за регистрација во ПЕР е одбиено, имаат право на повторно пријавување без ограничување до 04.03.2025 година.

Панорама: Од 1 март ќе биде готов пролетниот бонус за сите пензионери! Како ќе се поделат 62 милиони евра награда за 730.000 стари лица?

На располагање стојат 62 милиони евра на 730.430 пензионери кои ќе бидат поделени на две нивоа.

Почнувајќи од 1 март се планира да започне распределбата на пролетниот бонус за пензионерите. Станува збор за нов фонд што го определи Владата и депониран во Банката на Албанија со одлука од 9 јануари, но кој ќе се врати на годишен стандард, каде покрај бонусот за крајот на годината, ќе има и втор напролет, пренесе Панорама.

КОСОВО:

Газета експрес: Европратениците бараат да се забрза процесот на интеграција и да се признае Косово од петте земји од ЕУ

Мнозинство од пратениците на Европскиот парламент кои учествуваа во дискусиите за нацрт-извештаите за Косово и Србија, побараа Европската унија да го разјасни интегративниот процес на Косово, за оваа земја да не остане сива зона на картата на Европа.

Во четвртокот, на Комитетот за надворешна политика на ЕП, известувачот за Косово, Рихо Терас, го претстави својот годишен нацрт-извештај за ситуацијата во Косово и неговиот напредок кон ЕУ.

На дебатата беше изразено очекување Косово што поскоро, по парламентарните избори на 9 февруари, да го конституира Собранието и да формира Влада.

Додека беше критикувано одржувањето на казнените мерки на ЕУ против Косово, беше побарано да се задржи фокусот на регионот, особено на Косово, во време на, како што беше речено, предизвикувачки околности во Европа и светот.

Известувачот Терас рече дека очекува ЕУ да преземе поактивна улога во Западен Балкан и дека новата Европска комисија и високата претставничка Каја Калас ќе бидат во првите редови на оваа заложба, пренесе Газета Експрес.

Балкан веб:  „Социјална помош во замена за глас“- Акција на косовската полиција на север, насочена кон српските структури

Косовската полиција во моментов спроведува акција во неколку нелегални  канцеларии на Центарот за социјална работа на северот на Митровица.

Ова го потврди заменик директорот на полицијата за Северна Митровица, Ветон Елшани, кој за косовските медиуми изјави дека оваа акција е поврзана со апсењата кои биле извршени само еден ден пред изборите во Косово.

Според него, во канцелариите на центарот за социјални работи, кој бил паралелна/незаконска структура, имало сомневање дека телефонски им се јавувале на различни граѓани и во форма на закани ги принудувале или ги упатувале како да гласаат, условувајќи ја социјалната помош со нивниот глас во корист на одредена политичка партија која се натпреварувала за парламентарните избори на Косово, пренесува Балкан веб.

КОЛУМНА

Коха: „Тестот на Трамп во Украина“

„За Трамп е типично што неговите говори и однесување привлекуваат повеќе внимание отколку неговите политики или програма. На пример, иако има многу Американци кои се согласуваат дека владините трошоци се проблем што треба да се поправи, повеќето Американци се изненадени од начинот на кој Трамп се справува со УСАИД или од начинот на кој јавните службеници масовно се отпуштаат од работа.

Вака светот неделава беше изненаден од начинот на кој Трамп го најави почетокот на преговорите за ставање крај на војната во Украина. И додека избраната форма на Трамп беше некоректна, бидејќи тој во голема мера ги игнорираше Украина и европските сојузници, суштината на неговата одлука е правилна. Во историјата на човештвото, повеќето вооружени војни завршиле на преговарачка маса, а не на бојното поле. Дека преговорите се неизбежни се согласи и поранешниот претседател Бајден. Дури и самите Украина и Русија се согласуваат, поради што се обидоа во пролетта 2022 година да ги прекинат борбите преку тајни дипломатски преговори во Истанбул.

А денес особено ситуацијата на терен диктира таков политички курс. Борбите дојдоа до воен ќор-сокак каде ниту една страна не е способна воено да ја победи другата, а конфликтот се повеќе наликува на сцени од линијата Хинденбург.

Во Студијата на Центарот за стратешки и меѓународни студии, која ги испита сите вооружени конфликти од 1946 до 2021 година, се заклучува дека конфликтите што не завршуваат во првата година од борбите имаат тенденција да траат повеќе од една деценија. Ова не е во интерес на ниту една страна вклучена во конфликтот.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „ Тестот на Трамп во Украина“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ