• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средба Бислими –Петковиќ во Брисел; Во Албанија дводневна национална жалост за Исмаил Кадаре; 34 години од Уставната декларација од 2 јули во Косово

July 2, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средба Бислими –Петковиќ во Брисел; Во Албанија дводневна национална жалост за Исмаил Кадаре; 34 години од Уставната декларација од 2 јули во Косово

July 2, 2024 10:49
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел денеска се среќаваат Главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, во рамки на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Албанската влада прогласи дводневна национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре, известуваат албанските медиуми.

КОСОВО

Зери: Бислими и Петковиќ се среќаваат денеска во Брисел

Главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ денеска се среќаваат во Брисел, во рамки на дијалогот за нормализација на односите, со посредство на Европската унија.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, предупреди дека на врвот на агендата на дискусиите ќе биде итно спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите, пренесе Зери.

Репортери: Во чест на Кадаре, Албанолошкиот завод од Приштина денеска одржува комеморативна средба

Во чест на делото на Исмаил Кадаре, Албанолошкиот завод во Приштина ќе одржи комеморативна средба.

Средбата ќе започне во 10:00 часот, а ќе се одржи во Албанскиот институт, пренесува Репортери.

Газета Експрес: Се навршија  34 години од Уставната декларација од 2 јули

Денеска се навршуваат 34 години откако тогашните делегати на Собранието на Косово ја одобрија Уставната декларација од 2 јули.

На овој историски ден Косово беше прогласено за посебна единица во рамките на тогашната југословенска федерација, пишува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Албанија прогласи дводневна национална жалост по смртта на Исмаил Кадаре

Владата прогласи дводневна национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре.

Со одлука на Советот на министри, одлучено е да се прогласи национална жалост во вторник и среда, односно на 2 и 3 јули 2024 година, во чест на починатиот Исмаил Кадаре, истакната личност на албанското писмо, пренесува Телеграфи.

Во сите државни институции знамето ќе биде спуштено на половина копје.

Во просториите на Театарот за опера и балет и Народниот ансамбл во среда, на 3 јули од 09:00 до 11:00 часот и од 11:30 до 13:30 часот, ќе се организираат јавни почести и државна свеченост.

Визион Плус: Падот на комунистичкиот режим, денеска се одбележуваат 34 години од влегувањето на Албанците во западните амбасади

На денешен ден пред 34 години над 5 илјади Албанци влегоа во амбасадите на западните земји во Тирана. Ова беше историски настан за тогашните случувања и силен удар врз комунистичкиот режим кој беше во последните денови.

Најголем дел од граѓаните влегле во германската амбасада, над 3 илјади луѓе. Уште околу 700 во италијанската амбасада, додека останатите се сместени во амбасадите на Франција и Чехословачка.

Тогашните бегалци во амбасадите престојувале 11 дена, од 2 до 13 јули 1990 година, кога заминале за пристаништето во Драч, се наведува во статија на Визион Плус.

КОЛУМНА

Коха: Незапирлив ураган како подарок за светот

„Во хотелот „Киндли“, во срцето на Цирих, каде најголемата дилема на многумина минувачи е да купат чифт чевли од 2.500 франци или часовник од 18.000 франци, Исмаил Кадаре се чувствувал добро; не поради луксузот, туку кога сфатил дека овој хотел е отворен во 1474 година, само 6 години по смртта на Скендербег.

Потоа, друга приказна го врати албанскиот писател во балканската бездна: на 23 август 1981 година, двајца мажи влегоа во хотелот „Киндли“.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Незапирлив ураган како подарок за светот“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ