• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Убиен косовски полицаец; Курти ги започна разговорите со малцинствата за нова влада; ОБСЕ-ОДИХР ја започна мисијата на изборно набљудување во Албанија

April 2, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Убиен косовски полицаец; Курти ги започна разговорите со малцинствата за нова влада; ОБСЕ-ОДИХР ја започна мисијата на изборно набљудување во Албанија

April 2, 2025 13:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Качаник, синоќа околу 23 часот Припадник на косовската полиција го загуби животот по напад на влезот од неговата куќа. Косовскиот полициски синдикат го осуди убиството на полицаецот и посочи дека овој сериозен чин е директен напад врз јавната безбедност, правото и самата држава Косово, јавуваат косовските медиуми.

Во Албанија, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР официјално започна со работа за следење на изборите што ќе се одржат на 11 мај. За денот на изборите се очекува во Албанија да пристигнат 300 краткорочни набљудувачи, а ќе има и претставници од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент, јавуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РТК: Убиен полицаец во Качаник

Припадник на косовската полиција го загуби животот по напад на влезот од неговата куќа на улицата „Идриз Сефери“ во Качаник, синоќа околу 23:00 часот.

Според портпаролот на полицијата, Канун Весели, жртвата била пронајдена во тешка состојба и била пренесена во Медицинскиот центар во Качаник, каде лекарите констатирале смрт.

Покрај полициските единици, на местото на настанот излегла и екипа на Итна помош од Качаник која го пренела во Медицинскиот центар во Качаник. Од здобиените повреди полицаецот починал, ова го потврдиле и лекарите од овој центар“, изјави Весели, пренесе РТК.

Косовскиот полициски синдикат го осуди убиството на полицаецот Мухамед Лика. Во нивната реакција се вели дека овој сериозен чин е директен напад врз јавната безбедност, правото и самата држава Косово.

Визион плус: Курти ги започна разговорите со малцинствата за новата влада

Вршителот на должноста премиер на Косово, во исто време и шеф на Движењето Ветевендосје (ЛВВ) – партијата која победи на парламентарните избори на 9 февруари во земјата – започна со средби со малцинските политички партии, за да се консултира за формирање на новата влада на земјата.

Овој процес започна по заверувањето на резултатите од гласањето, и почетокот на уставните рокови за формирање на новиот законодавен дом и влада, бидејќи претседателката на Косово, Вјоса Османи, го одреди 15 април како датум за одржување на конститутивната седница на Собранието на Косово, пренесе Визион плус.

Перископи: Судот во Приштина го казни Курти со 250 евра

Судот во Приштина го осуди премиерот Албин Курти на 250 евра затоа што не се појавил во Специјалното обвинителство (ПСРК) да сведочи за случајот со државните резерви.

Судот во Приштина на 04.03.2025 година издал наредба Курти да се појави во Обвинителството и да даде исказ во врска со овој случај, пренесува Перископи.

И покрај тоа што имаше налог од Судот во Приштина, Курти повторно не се појави. Истиот ден, премиерот избра да оди во работна посета на Гњилане за да го инаугурира камен-темелникот на градинка.

По оваа постапка на премиерот на земјата, Судот во Приштина го осуди на 250 евра.

АЛБАНИЈА

Балкан веб-ОБСЕ-ОДИХР денеска започна мисија за набљудување на изборите во Албанија, лидерот Заниер: 26 набљудувачи низ целата земја, уште 300 доаѓаат на 11 мај

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР официјално започна со работа за следење на изборите во Албанија. Шефот на мисијата Ламберто Заниер најави дека во текот на процесот ќе се оценува компатибилноста на изборите со меѓународните обврски и локалното законодавство.

За денот на изборите се очекува во Албанија да пристигнат 300 краткорочни набљудувачи, а ќе има и претставници од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент, пренесе Балкан веб.

Сури – Хјуманс рајт воч: Нови ризици од најновата шема за договорот за имиграција Италија-Албанија

Италија веќе има 10 центри за притвор каде што мигрантите можат да бидат задржани до 18 месеци додека владата се обидува да ги депортира. Сепак, Италија не успева да ги депортира повеќето од нив – во 2023 година, само 10% од луѓето со наредба за депортација ја напуштиле земјата. Извештајот од 2021 година ги опиша овие центри како „црни дупки“, додека извештајот од 2024 година ги осуди како скап и нехуман систем.

Отворањето таков центар во Албанија ќе ги повтори проблемите што веќе се среќаваат во Италија, како и ќе додаде нови, вклучително и бариери за пристап до правна помош, што ќе го отежне објаснувањето за веродостојните наводи за злоупотреба. Понатаму, нема индикации дека оваа мерка ќе ја зголеми подготвеноста на земјите домаќини да прифатат депортирани лица – главната пречка за депортации.

Овој потег доаѓа набргу откако Европската комисија ја поддржа идејата за создавање „центри за враќање“ надвор од Европската унија во нејзиниот најнов предлог за Регулативата за враќање. Обидите да се избегне одговорноста за имиграцијата и да се држат луѓето подалеку од видното поле се сурови и нереални.

Наместо да следи скапи и сомнителни договори за да ги избегне своите одговорности, Италија – и ЕУ како целина – треба да инвестираат во управувањето со имиграцијата на хуман и рационален начин, посочуваат од ХРВ, пренесе Сури.

КОЛУМНА

Коха: Србија против признавањата го користи дијалогот, невклучените  и западната ориентација на Косово

„Додека на Косово му беше кажано дека преку дијалог може да ги оствари своите аспирации, досега овој процес се покажа како штетен за Косово во однос на признавањето.

Србија во комуникацијата со земјите од Африка и Азија, но и со некои други делови од светот, потврдува дека бриселскиот дијалог е доказ дека статусот на Косово не е финализиран. Дека ако статусот беше завршена работа, немаше да има дијалог. И тоа што ЕУ не искажува став за статусот на Косово и помага на овој аргумент на Србија“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „ Србија против признавањата го користи дијалогот, невклучените  и западната ориентација на Косово“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ