• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вјоса Османи и стопанската комора бараат од владата суспендирање на царината за американски стоки; Рама вели годинава ќе ги отворат сите поглавја за преговорите за ЕУ; Албанија се простува од националната икона на кинематографијата Маргарита Џепа

April 4, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вјоса Османи и стопанската комора бараат од владата суспендирање на царината за американски стоки; Рама вели годинава ќе ги отворат сите поглавја за преговорите за ЕУ; Албанија се простува од националната икона на кинематографијата Маргарита Џепа

April 4, 2025 13:15
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Османи веднаш побара од Владата суспендирање на царината за американските производи, сметајќи го тоа како важен чекор за продлабочување на односите со најблискиот сојузник на Косово и за испраќање јасна порака за посветеноста на Косово за поцврсти односи со САД. На повикот се приклучи и Стопанската комора на Косово, јавуваат косовските медиуми.

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Албанија има шанса да ги отвори сите групни поглавја од преговорите со Европската унија во текот на годината, пренесоа албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот

КОСОВО

Радио Косова е лире: Претседателството и Владата на Косово неусогласени околу суспендирање на царините за американски производи

Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да воведе царина од 10 отсто за Косово, предизвика жесток судир меѓу претседателката на Косово, Вјоса Османи и владата. Претседателката Османи веднаш побара од Владата суспендирање на царината за американските производи, сметајќи го тоа како важен чекор за продлабочување на односите со најблискиот сојузник на Косово и за испраќање јасна порака за посветеноста на Косово за поцврсти односи со САД.

Актуелниот министер за финансии, Хекуран Мурати, и возврати на Османи, нагласувајќи дека  Владата го испитува случајот и дека соодветно ќе ја информира јавноста секогаш кога ќе се донесе одлука.

На ова остро реагираше советникот за медиуми на претседателката, Беким Купина. Тој го критикуваше Мурат за неговата неусогласеност со уставните и стратешките концепти на надворешната политика, нарекувајќи го министерот како „човек кој се уште не разбрал дека водењето на државата е работа 24/7“ и дека „дефинициите за надворешната политика ги одредува институцијата Претседател“, пренесе Радио Косова е лире.

Газета експрес: Стопанската комора на Косово повика на укинување на царините кон САД: Тоа ќе отвори нови можности за економски развој

Косовската влада е повикана да ги отстрани тарифите што беа воведени за американски стоки откако администрацијата на Трамп воведе царина од 10 отсто за косовски стоки што одат во САД.

На овие повици им се приклучи и Стопанската комора на Косово, која соопшти дека „силно го поддржува“ повикот на претседателката Вјоса Османи до Владата на Косово за укинување на царинските тарифи за американските стоки, пренесе Газета експрес.

Еуроњуз: Трамп бара земји за испраќање на депортираните од САД, меѓу кои и Косово

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја разгледува можноста за постигнување договори со неколку држави за прифаќање на имигрантите депортирани од САД.

Како што пренесува „Волстрит журнал“, Косово е меѓу земјите од кои Трамп побарал да примат депортирани.

„Американската администрација се надева дека овие држави ќе се согласат, можеби во замена за финансиски договори или политички придобивки. Меѓу државите од кои САД побараа да прифатат депортирани имигранти се Либија, Руанда, Бенин, Есватини, Молдавија, Монголија и Косово“, пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со процесот, пренесе Еуроњуз.

АЛБАНИЈА

Коха јоне – Рама: Оваа година имаме добра шанса да ги отвориме сите групни поглавја на преговори

Премиерот Еди Рама денеска изјави дека Албанија има шанса да ги отвори сите групни поглавја од преговорите со Европската унија во текот на годината. Понатаму, Рама додаде дека е првпат ѕвездите на Албанија да се на иста линија со оние на ЕУ.

„Првпат нашите ѕвезди се усогласуваат со ѕвездите на ЕУ, и за иднината и перспективата, но и за сегашноста. ЕУ беше внимателна да каже дека нашата земја е во Европа, дека хоризонтот е местото каде што ќе се приклучиме, но никогаш не сме се чувствувале подготвени да го направиме ова реалност сега. луѓе, дали вратата е отворена, пренесе Коха јоне.

Топ чанел: Албанија се простува со иконата на албанската кинематографија, Маргарита Џепа

Вчера почина иконата на албанската кинематографија, Маргарита Џепа ,неколку часа по нејзиниот 91 роденден, пренесе Топ Чанел.

Телото на големата актерка пристигна во Народниот театар за опера и балет, каде граѓаните ќе можат да и оддадат почит.

Маргарита Џепа е родена на 2 април 1934 година во градот Лушња. Зад себе остави стотина улоги, за кои ја доби титулата „Чест на нацијата“ и одликувањето „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“. Сепак, трите деца што ги остави зад себе ги сметаше за најголема гордост во животот, од кои едното, Ндричим Џепа, тргна по стапките на актерката, подеднакво се истакнува на албанската уметничка сцена.

КОЛУМНА

Коха: Невозможната мисија на Соренсен

„Денес, во 2025 година, не постои ниту еден од потребните предуслови за унапредување на дијалогот. Во надворешна смисла, имаме Вашингтон кој е тотално незаинтересиран за нашиот регион и кој го гледа трансатлантскиот сојуз како товар што мора да се отстрани, а не како предност што мора да се зачува.

Во ЕУ, војната во Украина го оддалечи вниманието од нашиот регион, додека подемот на екстремната десница ги направи традиционалните демократски политичари повнимателни за унапредување на агендата за проширување. Во меѓувреме, како што минува секој ден, во европските канцеларии има се помалку време, внимание и енергија за теми како што е дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Така што, во споредба со 2020 година, во 2025 година не постои ниту еден од потребните предуслови за унапредување на дијалогот. Сега единствена надеж останува Соренсен. И иако велат дека надежта не е стратегија, Соренсен иронично може да се радува на оваа тешка ситуација во која се наоѓа во 2025 година. Во случај на неуспех, вината нема да биде негова. Се беше против него во 2025. А во случај на невозможно сценарио за успех, заслугата ќе биде само негова“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Невозможната мисија на Соренсен“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ