• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства; Курти и Вучиќ ќе се сретнат во Брисел

May 2, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства; Курти и Вучиќ ќе се сретнат во Брисел

May 2, 2023 10:19
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија од денеска почнува втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа, во која се затвораат 9 судови и првостепените регионални обвинителства, како дел од судските реформи.

Косовските медиуми меѓу другото, известуваат за денешната средба помеѓу премиерот Албин Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ  во Брисел.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Сури: Нова судска мапа/ Од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства

„Со втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа од денеска се затвораат 9 судови и првостепените обвинителства во реоните.

Затворени се Основните судови во Тропоја, Мати, Курбин, Пука, Круја, Каваја, Лушња, Пермет и Поградец.

Според Високиот совет на обвинителството, заедно со нив се споени и соодветните обвинителства на овие судски области, што доведе до испраќање на правосудни органи и претставници на обвинителството во новите институции на правдата.“, пренесе албанскиот портал Сури.

Балкан Веб – Избори без решение за историскиот бастион на десницата“, БИРН: Тропоја меѓу двајцата кандидати

Ова не се избори за решенија“, вели Кетрин Бон, американска активистка која со години живее во Тропоја.

„Ниту една од партиите или кандидатите што ги застапуваат нема презентирано програми. Не забележав некој гласач да каже дека ќе гласам за овој кандидат, дека направил нешто за да ми го подобри животот“, вели Бон, во репортажата на БИРН, објавена во Балкан Веб.

КОСОВО

ТВ21: Курти и Вучиќ денеска се среќаваат во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На оваа средба се очекува главна тема да биде предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство.“, пренесе косовската ТВ 21.

Шќип: Хакери ги нападнаа веб-страниците на Претседателството, Кабинетот на Премиерот и Обвинителството на Косово

„Се чини дека веб-страниците на трите најважни институции во земјата се под сајбер напади.

Веб-страниците на Претседателството, на Кабинетот на премиерот и на Обвинителството на Косово вечерва излегоа од функција.

Засега нема официјална потврда за причините за падот на онлајн-страниците, но се известува дека и сајбер нападите се вратиле во медиумите во земјава.“, пренесе косовскиот портал Шќип.

Перископи – Српски аналитичари: Србија со разочарувачки пристап кон Косово

„Аналитичарите во Белград сметаат дека е важна средбата на косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел. Додека тема на разговор ќе биде Здружението, српските аналитичари оценуваат дека Србија има разочарувачки пристап кон Косово, наведувајќи го и прекршувањето на Охридскиот договор.

Средбата на највисоко политичко ниво Косово-Србија може да биде стожерна точка, по период на тензии. Вака експертите ги оценуваат случувањата во Белград.“, пренесе Перископи.

КОЛУМНА

Сури нет. Косова: Падот на „Првомајски Уранак“ во Герми

“Првомајскиот пикник во Герми е целосна имитација на српскиот начин на прославување на 1 мај. Овој метод исто така има име. Се вика „Првомајски Уранак“. Наутро, пријателите, колегите и семејствата се собираат за да одат на одредено место во природа, каде што ги организираат активностите  се познати како „Скара на отворено“, кои вклучуваат подготовка на храна на отворено, чие консумирање е придружено со музика, игри и различни пијалоци. Во времето на Социјалистичка Југославија, овој тип на славење беше во склад со идеолошките барања на режимот, кој 1-ви мај го славеше со паради и преполни државни активности, бидејќи себеси се нарекуваше работничка држава.“, извадок од колумната „Падот на „Првомајски Уранак“ во Герми“, од авторот Блерим Латифи, објавена во косовскиот портал Сури.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ