• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија секој понеделник наставата ќе почнува со националната химна, косовските дипломати во кампања за заштита на признавањето на државата

January 17, 2023

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија секој понеделник наставата ќе почнува со националната химна, косовските дипломати во кампања за заштита на признавањето на државата

January 17, 2023 12:26
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербеј, одбележувањата и оддавањето почит со новата политика на министерката за образование и спорт на Албанија, Евис Куши, секој понеделник во сите училишта да се интонира националната химна пред почетокот на наставата, кампањата на косовските дипломати за заштита на признавањето на државата, се само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешниот АЛ-ПРЕС.

ТВ КЛАН –  555 години од смртта на националниот херој Скендербег –  Куши: Секој понеделник наставниот процес ќе започнува со Химната на знамето

„На 555-годишнината од смртта на народниот херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербеу, министерката за образование и спорт на Република Албанија,  Евис Куши, објави видео направено од различни училишта во 12-те области во земјата.

Куши најави  дека почнувајќи од следната недела, секој понеделник, во сите училишта во земјата пред почетокот на наставата ќе се интонира Химната на знамето.“, пренесе албанскиот медиум ТВ Клан.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Косово во кампања за заштита на признавањето на државата

„Косовските дипломати ги интензивираа средбите со нивните колеги од земјите за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на Косово.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на почетокот на јануари изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека чекаат десетта земја, без да прецизира за која земја се работи.“, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

РАДИО КОСОВА Е ЛИРЕ: Заврши изработката на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство

„Заврши изработката на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство. Ова за Радио Косово го соопшти портпаролот на германскиот институт „Фондацијата Фридрих Еберт“, Рене Шле.“, пренесе косовскиот медиум Радио Косова е Лире.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Косово надвор од контекстот на албанскиот национализам

„Ако прашањето за Косово не го третираме од гледна точка на националистичката доктрина, како „албанско прашање“, туку на ниво на либерални идеи и човекови права, се покажува дека е за среќа решено прашање. Така како што го третираат САД и Западот, „успешна приказна“.“, извадок од колумната „Косово надвор од контекстот на албанскиот национализам“, од Халил Матоши објавена на косовскиот медиум Газета Експрес.

Д. Тахири

Tags: AL -PRESSзаеднициКосовонезависностСкендербегхимна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ