• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во албанското собрание седница за интерпелација на министерката за здравство; ЦИК реши за мандатот на Белери; Ховениер порача дека „криминалецот“ Радоичиќ мора да одговара пред правдата

July 4, 2024
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во албанското собрание седница за интерпелација на министерката за здравство; ЦИК реши за мандатот на Белери; Ховениер порача дека „криминалецот“ Радоичиќ мора да одговара пред правдата

July 4, 2024 11:06
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанското Собрание денеска се одржува пленарна седница на која опозицијата побара интерпелација за министерката за здравство поради скандалот со онкологија, пренесуваат албанските медиуми.

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, дека Владата на САД очекува  Радоичиќ да одговара пред правдата за нападот во Бањска, и посочи дека очигледно е веќе санкциониран од Министерството за финансии на САД поради неговите врски со транснационалниот организиран криминал, пренесуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од  редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Досја: Во собранието на пленарна седница  ќе се води интерпелација со министерката за здравство за скандалот со Онкологија

Следната пленарна седница во Собранието се очекува да се одржи денеска. На седницата се очекува да не недостигаат дебати, бидејќи ќе има и интервју со министерката за здравство, Албана Кочи, за скандалот со Онкологија.

Интерпелацијата итно ја побараа пратениците од опозицијата, а министерот ќе одговара за скандалот каде лекари и медицински сестри ги тераа болните од рак да се лекуваат во приватни клиники. Интерпелација за ова прашање побара и пратеникот Арби Агалиу од групата Баша, јавува Досја.ал.

Клан – ЦИК: Белери не може да го оствари мандатот

Фреди Белери, избраниот градоначалник на Химара, не може да ја врши оваа должност бидејќи со правосилна одлука е осуден на 2 години затвор.

Ова е наодот на изборната администрација во односот што ја придружува предлог одлуката за која овој четврток ќе расправа Државниот изборен комесар за важноста на мандатот на Белери, пренесе Клан.

Газета Шќип: Уапсен поранешниот министер за здравство Илир Беќај

Поранешниот министер за здравство Илир Беќај утрово е уапсен од полицијата во Тирана.

Познато е дека полицајците го уапсиле Беќај околу 07:00 часот во неговиот дом по решение на Специјалниот Основен суд за корупција и организиран криминал. Тој е уапсен откако наводно ги злоупотребил средствата на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош, САСПАК, за време кога раководел со оваа институција, пренесе Газета Шќип.

КОСОВО

Балкан Веб- Ховениер за Радоичиќ: Го сметаме за криминалец, мора да биде изведен пред лицето на правдата

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, зборуваше за терористичкиот напад во Бањска во септември 2023 година и за главниот криминалец Милан Радоичиќ.

Ховениер рече дека Владата на САД очекува да одговараат оние што го извршиле овој криминален чин, бидејќи го спомена фактот што Радоичиќ преку своите адвокати ја прифатил одговорноста за нападот во Бањска.

„Од наша перспектива, тој очигледно е веќе санкциониран од Министерството за финансии на САД поради неговите врски со транснационалниот организиран криминал. Но, ова е дополнителен показател за неговата криминалност и очекуваме тој да сноси одговорност“, рече Ховение во Рубикон во Клан Косова, пренесе Балкан Веб.

Калѕо: Околу 1.900 барања за пренамена на нелегални српски возачки дозволи во Република Косово

До вчера, 03.07.2024 година, има 1.900 граѓани кои поднеле барање за замена на возачките дозволи издадени од нелегални српски институции во Косово со службени издадени од институциите на Републиката.

Заменикот управител на косовската полиција во Северна Митровица , Ветон Елшани, изјави дека  според податоците има 474 барања во Лепосавиќ, 520 во Северна Митровица, 270 во Зубин Поток и 312 во Звечан. Во овие општини денеска се поднесени 93 барања, пренесе Калѕо.

КОЛУМНА

Коха: Циркусот во Брисел

„Слоганот „Да ја направиме ј Европа повторно голема“, беше добар предзнак за тоа што можеме да очекуваме од следните шест месеци од унгарското претседавање со Советот на Европската унија.

Орбан долго време во Унгарија го воспостави она што гордо го нарекува „нелиберална демократија“. Демократија каде што Орбан ја уништи секоја рамнотежа на моќта ставајќи го целиот судски систем под диктат, каде што владата ги уништи слободните медиуми и граѓанското општество и каде, следствено, шансите на опозицијата да ја преземе власта се минимални.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Циркусот во Брисел“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ