• Latest

(Дополнување) Изборен рапорт #33 во 20:30 часот: Неверојатно агресивната црна пропаганда што ја организираше десничарската опозиција со користење на сите валкани трикови и манипулации

October 31, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

(Дополнување) Изборен рапорт #33 во 20:30 часот: Неверојатно агресивната црна пропаганда што ја организираше десничарската опозиција со користење на сите валкани трикови и манипулации

October 31, 2021 21:44
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заврши вториот изборен круг на локалните избори. Останува да се пребројат гласовите, некои ситни прегласувања, но гледано во целост, институциите организираа изборен процес кој може да се опише како демократски и слободен, но со низа административни слабости.

Тоа што го одбележа изборниот процес во целост, го гледаме и во пресрет на вториот круг, само поизразено и подинамично, на моменти и понепријатно.“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на петтата прес конференција на организацијата на денот на изборите.

На прес конференцијата учевствуваа и Сашо Орданоски, политички аналитичар, Благица Димитровска од Инклузива и Александар Кржаловски од МЦМС. На пресот се приклучија и долгорочните изборни  набљудувачи на ЦИВИЛ, Љупчо Стојков и Дамјан Темков.

Дерала се осврна на агресивната црна агенда што се протегаше низ целиот изборен процес на локалните избори.

„На прво место, се истакнува неверојатно агресивната црна пропаганда што ја организираше десничарската опозиција со користење на сите валкани трикови и манипулации што може да се замислат. Десничарската опозиција организираше кампања со дезинформации и говор на омразата, со закани, навреди и повици на насилство со невидени размери.

Се бележи крајно занемарување на сите законски ограничувања во поглед на изборниот молк, со крајна ароганција и жестокост се манифестира омраза и насилничко однесување, како во јавната комуникација, така и на терен. Тоа што го гледавме во последните два дена од кампањата и во изборниот молк претставува колекција од кривични дела кои нескриено ги сторија високи партиски функционери и лидери во радикалната десница во земјата.“, истакна Дерала.

„Како тоа да не беше доволно, почнаа заканите и на терен – едно насилничко однесување кое ги врати лошите спомени на насилствата од времето на режимот, како и теророт од 27 април 2017 година и кампањата за време на Референдумот од 2018 година по кој земјата се врати на мапата на светот.

Немилите сцени што ги предизвика дури и самиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот медиумско-пропаганден ентураж, заканите со убивање и низа други инциденти, оставаат лош впечаток за политичките субјекти кои водеа гола борба за власт и моќ, не бирајќи средства. Според анализите на ЦИВИЛ, тоа е една од причините и за ниската излезност на гласачите.“, посочи Дерала.

Понатаму, темна дамка на целиот процес оставија и илјадниците случаи во кои уредите за биометриска идентификација на гласачите не работеа. Не може да се процени штетата што ја предизвика оваа недоволно интегрирана технолошка новина во изборниот процес. На тоа може да се надоврзат и сите неконзистентности на Изборниот законик, како и други слабости поврзани со начинот на кој работеше изборната администрација на пониските нивоа (избирачки одбори).

Сето тоа заедно, придонесе кон повреда на правото на глас во повеќе места низ земјата, откажување на дел од гласачите од гласање и низа други непријатности. Одговорност за овие пропусти, особено за избрзаната примена на „фингерпринт апаратите“ мора да има. Но дали ќе има, ќе покаже времето.

Како ретко кога во изминатите години, ЦИВИЛ беше мета на говор на омразата, ужасни закани и притисоци.

Во објави на повеќе Фејсбук страници, меѓу кои предничеше ФБ станицата со име Лудата Јоци Фан Клуб, сите заедно добро познати на јавноста по говорот на омразата и дезинформациите отворената црна кампања во корист на десничарските радикални политички структури, се изнесуваат ноторни невистини, манипулации, навредлив говор на етничка основа, говор на омраза против претставниците на ЦИВИЛ и закани против нејзините набљудувачи.

Целта на овој крајно нечовечен и антидемократски напад врз една граѓанска организација за човекови права е да се изврши притисок врз организацијата и нејзините членови и да се попречи нејзината работа, како и да се нанесе штета врз угледот и довербата која организацијата ја ужива во јавноста во земјава и во светот.

ЦИВИЛ веќе поднесе пријава во МВР и кривична пријава во ЈО за овие случаи.

*

Изненадувачки е тоа што набљудувачите на ЦИВИЛ се соочија со голем број случаи на попречување во нивната работа. Во првиот круг, како што известивме, имаше 76 случаи на попречување, главно од избирачките одбори. Ако на тоа се додадат барем 30 случаи од денешниот ден (податоците се уште се обработуваат), имаме трицифрен број случаи на попречување.

*

Лицата со попреченост се соочија со повеќе од 20 избирачки места кои не беа достапно. Во исто толкав број се и случаите во кои параваните за гласање не беа поставени, а во еден случа, тие беа употребени да го заштитат избирачкиот одбор од сонцето, а во еден – за бришење на чевлите пред влез во избирачкото место.

*

На овие избори, повторно, како набљудувачка организација се јавува Аксиос 2017, која нема веб страница ни контакт телефон, ниту пак транспарентно објавени финансиски извештаи и податоци за нејзиното финансирање. Освен тоа, зачудува тоа што оваа организација, освен предизборно набљудување, објавува предизборни анкети со нејасна методологија, што е во спротивност со добрите практики за професионално и непристрасно предизборно граѓанско набљудување на изборите.

*

Утре во 13 часот, ЦИВИЛ ќе емитува ново издание на Изборен рапорт (34) со прелиминарни оценки и детали за тоа како течеше изборниот процес, со фокус на вториот круг.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ