• Latest

Избори на 17 октомври ако има консензус, поддршката за ЕУ на 53% поради бугарското вето, политичка злоупотреба на децата

July 22, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Избори на 17 октомври ако има консензус, поддршката за ЕУ на 53% поради бугарското вето, политичка злоупотреба на децата

July 22, 2021 17:26
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СДСМ се согласува датумот на локалните избори да биде на 17 октомври, по барање на опозицијата

Премиерот Зоран Заев вели дека СДСМ е согласен датумот на локалните избори да биде и 17 октомври, како што бара опозицијата, ако за тоа се договорат сите партии. Предлогот, изборите да се одржат на 31 октомври, како што рече, го дал само поради поклопување на термините за кампањата со терминот за одржување на пописот на населението.

-За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17 октомври, се поклопува кампањата со пописот и тоа не е добро, треба да го истуркаме пописот до крајот на септември, по што може да почне кампањата. Но, ако каже опозицијата 17-ти и сите други партии се согласат, ние сме согласни. Следниот викенд е 24-ти и 31-ви, тие се опциите за октомври, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по промоција на комплексот Планет.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Бугарското вето и долгото чекање во европската чекалница – причини за падот на поддршката за членство во ЕУ

За намалувањето на поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, според неодамнешното истражување на „Балкан барометар 2021“ на Регионалниот совет за соработка, кое детектира пад на поддршката за членство на Северна Македонија во ЕУ на досега најниско ниво од 53 отсто,  ЦИВИЛ разговараше со Секретаријатот за европски прашања, односно Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, Малинка Јорданова од ЕПИ, и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски. Од канцеларијата на Европската делегација во Скопје, до овој момент не добивме одговор.

Александар Кржаловски, МЦМС

„Повторното одложување на почетокот на пристапните преговори што претставува неспроведување на одлуката донесена од Советот на ЕУ во март 2020 година, заедно со поставувањето услови кои не се на линија на европските вредности и критериумите за членство, имаат одраз врз поддршката на граѓаните за европската перспектива на земјата“, се вели во одговорот од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Никола Димитров, Министер за надворешни работи

„Многу очекуван и логичен е падот на оптимизмот на граѓаните за пристапувањето на нашата држава кон ЕУ. Ветото на Бугарија и немоќта на државите-членки да се справат со блокадата е секако основната причина за тоа. Дополнително, преку нерешавањето на ова прашање граѓаните многу конкретно, на свој грб, осознаваат дека во ЕУ во моментов нема расположение за проширувањето, што придонесува да се зголеми песимизмот. Скоро една третина од граѓаните – 31% (за разлика од 25% лани и 22% во 2019) сега мислат дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ“, истакна Малинка Јорданова од ЕПИ.

ЕДИТОРИЈАЛ

Џабир Дерала

„Кога родителите ги инструментализираат сопствените деца во црна кампања за политички цели на вистински разбојници во политиката, ги местат како кегли пред нивните политичките кугли, нема да ме изненади ако утре им стават и оружје в рака и ги претворат во деца војници. Бидејќи, во крајна линија, се работи за истиот принцип“ пишува Џабир Дерала во денешниот едитроијал со наслов „Децата, топовско месо на политичката пропаганда“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА ДКСК смета дека градоначалникот на Струга Рамиз Мерко треба кривично да одговара за финансиски малверзации потврдени во нивната истрага но и од државната ревизија. Според нив, треба да се гони кривично и претседателот на Кривичниот суд во Струга кој лично дозволил буџетот на Општината да изнесува 50 милиони денари, иако таа општина беше една од нај задолжените.

На денешната седница Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи да ја запре постапката за акумулација на функции против Нефи Усеини, бидејќи во меѓувреме тој се повлече од советничката позиција во Општина Охрид.

Собрание на РСМ

ДРЖАВЈАНСТВО Македонското здружение на млади правници смета дека со Предлог измените на Законот за државјанство, кои денеска се на второ читање во Собранието, нема да се решат проблемот на лицата без државјанство во Република Северна Македонија и бара итно свикување на јавна расправа.

ПРАВДА Судењето за „Јавна соба“ продолжува на 27 август, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата. Во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари 2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Снимени во различни денови, на различни локации, без претходно да знаат што кажала едната, а што кажала другата, две учеснички во Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ излегоа со слична порака.

Денеска беше објавен прилог со познатата македонска музичка ѕвезда, Кристина Арнаудова, која вели „Арнаудова: Анатомски сите сме апсолутно исти“.

Во прилогот со Атиџе Муратова, која стана светски позната по македонскиот документарен филм „Медена земја“, таа вели: „Без разлика дали некој има црна или бела кожа, срцето е исто кај сите“.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Билјана Арсовска

„Егото има лоша репутација – тоа е негативецот кога станува збор за самопомош. Го поистоветуваме со арогантност и нарцисоидност. Токму затоа сакаме да се ослободиме од овој непријател. АМА (да, речиси секогаш има ‘ама’) еве ги големите новости: проблемот воопшто не е во нашето его, проблемот е нашата илузија за самиот себе.“, пишува Билјана Арсовска во колумната „Престани да го носиш егото во теретана“.

Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ