• Latest

Атиџе Муратова: Без разлика дали некој има црна или бела кожа, срцето е исто кај сите

July 22, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Атиџе Муратова: Без разлика дали некој има црна или бела кожа, срцето е исто кај сите

July 22, 2021 14:51
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, без разлика дали имаш бела или црна кожа, сепак срцето е исто.

„Уште од мала ме воспитале да не делам ниедна нација и да не барам богатство. Богатството тука ќе го оставиме, битна е човечноста, да бидеме блиски, да се споиме. Сузана е Македонка, а јас Турчинка, но многу добро се разбирам со неа, исто како да ми е сестра. Јас никого ни делам на Албанци, на Македонци, на Роми, на Бошњаци, на Власи. Сум живеела со разни националности. Досега не сум имала никакви проблеми, до ден-денес немам и така ќе остане до крај. Некој ги разликува по богатството, но за мене сите се исти. Денес имаме, утре немаме – денес немаме, утре ќе имаме. Тоа е тоа.

Сите сме под исто сонце, под ист Бог. Ти си Турчинка, или јас сум Турчинка, ти си Македонка, но сите имаме ист Господ. Сакам до крај да биде така, да бидеме сите заедно. Јас никако не ги делам другите, помладите генерации што доаѓаат исто така треба да се почитуваат како што кажувам. Тоа е најдобро. Подобри ќе бидеме, поблиски ќе бидеме, подобро ќе се чуваме. Затоа што едни од други ќе учиме, јас од тебе, ти од мене, од ден на ден луѓето ќе имаат доверба, разбирање. Јас разликувам добри луѓе и лоши луѓе. Така сум се навикнала, во таква средина сум била, со разни луѓе. Поради тоа што почитував, животот ме однесе уште подалеку да одам. И таму исто луѓето многу почитувале. Не е тоа што се вика црна кожа имал, бела кожа, ама срцето на сите е исто. Тоа најмногу ме поврзуваше. Луѓето ме почитуваа.

Сакам да испратам порака, никогаш да не правиме разлика, да си помагаме едни со други, денес вие мене, утре јас ќе ви помагам вам. Не правете разлика, почитувајте ги различностите“, истакна Муратова.

Атмосфера од снимањето на Атиџе Муратова како дел од иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“/ Фотографија: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Атиџе Муратова е македонска пчеларка со турско потекло. За животот на Муратова малку се знае. Родена е во 1964 година во село Бекирлија, Општина Лозово, во фамилија од 4 деца. Како единствено женско дете во нејзината фамилија, нејзиниот татко и не ја пуштил да оди на училиште, па затоа само таа останала без основно образование.

За сметка на тоа што не одела на училиште, таа ги работела сите домашни работи, одела на тутун, се грижела за стоката и го учела пчеларството од мали нозе. Тоа им бил единствениот извор на егзистенција.

За Атиџе Муратова македонската јавност, но и светот дознаа отако се појави во македонскиот документарен филм „Медена земја“ (Honeyland) – во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Филмот го прикажува животот на Муратова, последната пчеларка во Македонија, која живее во селото Бекирлија, и промените кои нејзиниот живот ќе ги претрпи по пристигнувањето на една номадска фамилија во соседната куќа.

Љубовта кон пчелите и пчеларството , во 2019 на носи кротката и неуморна Атиџе во Холивуд, каде како главна улога во краткиот документарец Медена Земја (Honey Land), добива номинација за Оскар, кое е воедно и нејзиното прво појавување во јавноста и прво патување надвор од државата. Документарецот бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ на 28 јануари 2019 година.

По проекцијата на филмот во Њујорк, американската глумица и продуцентка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм-профил напишала: „Импресивна, интимна приказна што те остава без здив е приказната за пчеларката Атиџе Муратова, жена која нема да ја заборавам“. Притоа, на својот профил, таа објавила и фотографија од филмот, изјавувајќи дека „со право овој документарен филм ги доби сите награди и признанија“.

Во нејзината родна Бекирлија, порано имало околу 200 жители, а денеска единствени жители се Атиџе и нејзиниот брат Феим. Атиџе Муратова моментално живее во соседното село Дорфулија, а во село Бекирлија оди само два пати годишно, за да го собере медот, пола за нејзе, пола го остава за пчелите.

Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ