• Latest

Избори на 5 јуни, партиите уште пораскарани, меѓународната бара реформи

February 24, 2016

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Избори на 5 јуни, партиите уште пораскарани, меѓународната бара реформи

February 24, 2016 12:33
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку минути пред полноќ,  Собранието на Република Македонија со 83 гласа „за“ и три „против“ ја измени претходната одлуката за негово распуштање, донесена веднаш по оставката на поранешниот премиер Никола Груевски. Во прогласената пауза по оваа одлука, надлежните комисии ги изгласаа предлог-измените на Изборниот законик, кои по полноќ  беа исто така, усвоени на пленарната седница, со 73 гласа „за“ и седум „воздржани“, како и 22 гласа „за“ и шест „воздржани“ од пратениците кои не се мнозинство во Република Македонија, со што датумот на изборите се помести на 5 јуни 2016.

Освен ова, со измените се предвидува од 27 февруари 2016 година медиумите да не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на Градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.

Во усвојувањето на овие одлуки не учествуваше опозицијата. Пред повлекувањето на самораспуштањето, координаторите на претеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го искористија правото на процедурално обраќање за да ги соопштат ставовите за гласањето, но и да си упатат меѓусебни обвинувања.

На обраќањето пред јавноста по полноќ, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја окарактеризира оваа одлука како уште еден пораз на Груевски, кој, како што рече, доаѓа по сите лаги, измами, инаетења и криење од јавноста со денови.  „Никола Груевски ја призна својата лична одговорност: нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24-ти април. Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза. Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија“, истакна Заев.

Според него, Груевски сака да ја вовлече Македонија во сериозна меѓународна изолација и длабока внатрешна криза, со единствена цел, заштита на криминалот и корупцијата на фамилијата, но тој се плаши од слободни и фер избори, затоа што знае дека ќе ги загуби.

„На сите им е јасно: Никола Груевски не може да ја држи Македонија во заложништво. Пред само еден час ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување од датумот, 24-ти април. Вечерва се потврди, Ви реков, се случи: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски! Тој е минато. Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори! Избори  со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми на коишто сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат. Во Македонија мора да се избере нова Влада, со полн легитимитет, за решавање на сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат. На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните. Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности!“

По одлуките на Собранието, на јавноста и се обрати и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ одлучила да прифати мало поместување на изборниот ден, дека одлуката за поместување била во нивни раце, но и одговорноста која ја носат за државата.

„По долги и детални анализи, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24 април за 5 јуни, со цел, не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие, како и да е, ќе бегаат од народот, туку за да не бидеме погрешно разбрани и злоупотребени од сите оние кои не ја сакаат Македонија и не сакаат Македонија да оди напред“, изјави Груевски.

Тој истакна дека претставниците на меѓународната заедница го убедиле во четири работи – дека од нив нема да има ново барање за пролонгирање, дека до 5 јуни нема да има разно-разни преговори за изборите,  дека изразиле уверување ДИК ќе има доволно време да ја заврши работата, како и дека нема да има поставување никакви нови услови, вклучувајќи го и законот за медиумите. „Нема да има нови проценки за тоа дали земјата е подготвена за нови избори од страна на ЕУ и САД“, рече Груевски. Освен тоа, тој додаде дека добил и цврсто уверување од лидерот на ДУИ Али Ахмети дека неговиот коалициски партнер ќе стои цврсто зад одлуката за избори на 5 јуни, „со или без СДСМ“.

„Државата не може да биде заложник на една политичка партија. Со ова поместување им даваме последна шанса на СДСМ да излезат на избори и да го погледнат во очи народот. Нашата компромисност кои некои ја нарекуваат прекумерно попуштање, се должи на нашата верба во нашиот народ и во силата која народот ни ја дава. Нивните силења ќе завршат на 5 јуни. Заев вечерва самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5 јуни на избори. Затоа Заев, ајде на избори, собери храброст и соочи се со народот! До 5 јуни можете да зборувате и да глумите се. На 5 јуни ќе видите кој е победникот и кој е поразениот. СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука, сега и тоа го загубија. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата ‘За подобра Македонија’“, истакна лидерот на владејчката партија Груевски.

trojka

Инаку, во текот на целиот вчерашен ден траеја интензивни преговори меѓу партиите, во кои, освен амбасадорите на САД, ЕУ, беа вклучени и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. И тие утрово се огласија со соопштение, во кое го истакнуваат жалењето поради непостигнувањето консензус помеѓу сите партии, но и надеж дека темите за кои како медијатори разговарале со партиите, ќе помогнат да се идентификуваат критичните точки кои можат да дадат основа за конечен договор кој ќе дозволи изборите да бидат кредибилни.

„Итните реформски приоритети на Рајнхард Прибе треба да се применат како клучни за да се задржи позитивната препорака на отворање на преговори за членство. Потребен е консензус од сите партии за примена на препораките на Прибе, околу кои досега практично ништо не е направено освен законот за укажувачите. Како олеснувачи на овој процес од Европскиот парламент, апелираме до политичките лидери да продолжат со својата посветеност на реформите и се надеваме дека нашето присуство тука ја демонстрира нашата посветеност кон нив, кон народот на државата и неговата европска иднина. Искрено се надеваме дека сите политички партии ќе преземат напори да ги создадат условите за веродостојни избори“, се наведува соопштението на европратениците.

Tags: Европски парламентизбориМедиумимеѓународна заедницаполитички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ