• Latest

Изборите 2024 и патот кон ЕУ: Меѓу чеканот и наковалната

April 16, 2023

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Изборите 2024 и патот кон ЕУ: Меѓу чеканот и наковалната

April 16, 2023 11:00
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Македонското општество го носи белегот на мултиетничко и мултикултурно, за жал, како товар, а не како препознатливост на позитивните вредности, со шаренило од различности кои го отсликуваат единството во заедничката борба за градење демократски политики.

Напротив, она што останува како обележје во тој дискурс на спротивставени идеологии, е „јаболкото на раздорот“, но од внатре кон надвор.

Европската унија ѝ даде можност на Северна Македонија да излезе од тој маѓепсан круг на саморазјадување. Но, поделеноста на македонската политичка сцена ја става во неизвесност државата и нејзиниот потенцијал за напредок, ако се пропушти европската пружена рака.

ЕУ „потенцијалот“ на ВМРО-ДПМНЕ

Со моменталната политичка констелација, институционално, процесите на македонската ЕУ интеграција се одвиваат (речиси) непречено. И покрај тоа што, неофицијално, изборната кампања е веќе одамна почната, и наспроти бугарскиот камен на сопнување, процесот се одвива, се движи напред. Тој процес мора да продолжи со зајакнување во проевропските редови до изборите во  2024 година. Континуитетот мора да се задржи.

Но што по изборите и како исходот од нив ќе влијае на евроинтеграцискиот пат на Македонија? Декларативноста на ВМРО-ДПМНЕ за европска иднина на државата не вреди многу. Особено кога е придружена со ревизионизам, условувања и неподготвеност за дијалог и компромиси.

Но ВМРО-ДПМНЕ, наспроти дволичноста и начинот на водење на внатрешната политика, сепак, има потенцијал да не отстапи од европскиот пат. Не дека нема голема веројатност проевропската ориентација на дел од членството да пропадне под притисок на националистите – но тој потенцијал го има.

Левица, гарантирано антиевропска опција

Антиевропската Левица е гарантирано за стагнирање или уназадување на добрите политики и практики што оваа власт се обидува да ги воспостави. Односно, за уништување на сите придобивки од европскиот пат на државата.

За Левица нема потреба да се објаснува што и како понатаму. Тие се гарантирано антиевропска опција.

Изборите во 2024 година – одлучувачки за европскиот пат

Парламентарните избори во 2024 година на многу начини ќе бидат одлучувачки во клучното прашање за иднината на земјата, а тоа веќе сега е видливо, особено во контекст на демократските процеси каде што европските начела и вредности би требало да бидат приоритет во изборните програми.

Со дијаметрално спротивставени вредности и поставеност на македонската политичка сцена, земјата ќе биде исправена пред избор меѓу антизападните, етноцентристички наративи од една и европските вредности и интеграцијата во ЕУ, од другата страна.

ЕУ блок, ослободен од поединечни и партиски апетити

За да се остане на трасата што води кон ЕУ, потребна е политичка волја и следење на стратегијата за обединување во еден ЕУ блок, ослободен од поединечните или партиските апетити,што ќе тежнее кон консензус во интерес на граѓаните и на државата.

На крајот, одлуката ќе ја донесат граѓаните. Сепак, тоа не значи дека сите чинители не треба да се потрудат да го презентираат јасно и недвосмислено своето европско определување. Создавањето на силен ЕУ блок, претпоставува и ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од суетите и да се одважи да биде дел од европската иднина на Македонија.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: ЕУизбори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ