„Издишаа лагите на Мицкоски дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието“, велат од владејачката партија.
-Дојде крај на јануари, а нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собранието.
-Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници.
-Мицкоски, исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, се заплетка во сопствените лаги, се вели во соопштението на СДСМ.