Собранието вечерва, на продолжението на 67. седница, го донесе Законот за средно полициско училиште со Бадентерово мнозинство. Со законот се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на средно полициско училиште за едукација на идните полициски службеници.
Средното полициско образование ќе се реализира во рамки на Центарот за обука во Идризово, односно Полициската академија, и ќе трае две учебни години – трета и четврта година средно образование. Право на пријавување ќе имаат ученици кои завршиле прва и втора година средно училиште и ги исполнуваат предвидените услови.
Паралелно, согласно потребите на МВР, ќе може да продолжи и досегашната едногодишна основна обука за полицаец. Со новото законско решение, по пауза од 25 години, повторно се воведува средно полициско образование, а ќе се запише 25. генерација ученици.












































