• Latest
Photo by: Robinson Recalde on Unsplash

Изјави на денот: Ахмети, Павиќевиќ, Ангеловска-Бежовска, Османи…

June 8, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Изјави на денот: Ахмети, Павиќевиќ, Ангеловска-Бежовска, Османи…

June 8, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by: Robinson Recalde on Unsplash

Photo by: Robinson Recalde on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Од денешните изјави издвојуваме: Ахмети за зелената агенда, Павиќевиќ за комбинираниот модел на настава, Ангеловска-Бежовска за предизвиците за носителите на политиките, Османи за вклучувањето на земјите од Западен Балкан

Ахмети: Не треба да се гледа со скептицизам за нашата „зелена агенда“, ќе изненадиме со нашата платформа

„ Ние 19 години имавме друга агенда. Ние имавме сериозни предизвици барајќи ги нашите права како Албанци. Ние 19 години работевме за да се имплементира Рамковниот договор. Сега нормативниот дел на Рамковниот договор е завршен. Правичната застапеност беше наш приоритет. Генерално, се боревме за правата на Албанците. Наш приоритет беше зачленувањето на Македонија во НАТО. Тука имаме и ние сериозен придонес. Сега, можеме да се фокусираме кон проекти кои носат подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани на Македонија,“ посочи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Комбиниран модел на настава и нов начин на средношколско организирање се главните приоритети на новиот лидер на Сојузот на средношколци

„Првото прашање на кое ќе се фокусираме јас, мојот тим, но и целиот Сојуз е моделот на настава во средното образование за следната учебна година. Нашиот став е дека образовните власти мора што поскоро да воведат комбинирана настава. Овој модел ги намалува штетните последици по социјализацијата и менталното здравје на средношколците, а истовремено го штити и нивното физичко здравје. Не смееме да дозволиме уште една генерација да го започне своето средно образование во толку неквалитетни услови, коишто ги посведочивме во изминатиов период со наставата од далечина „ додава Лука Павиќевиќ, новиот лидер на Средношколскиот сојуз.

Ангеловска-Бежоска: Главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни

„Од една страна, и натаму ќе треба да се обезбедува поддршка за економиите во закрепнувањето од кризата, но добро насочена и со соодветен обем. Глобалната економска криза од 2008/09 година покажа дека носителите на политиките не треба наеднаш да запираат со мерките за поддршка на економиите во справувањето со шокот, а овојпат тоа е нагласено и заради примарниот, здравствен карактер на кризата. Но, од друга страна, ќе треба да се внимава во одредувањето на карактеристиките на макроекономскиот стимул, за да не се предизвикаат нерамнотежи“, истакна Ангеловска-Бежоска на вчерашното излагање на Балканска недела на бизнисот што ја организира Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ и Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

Османи: Вклучувањето на земјите од Западен Балкан ќе поттикне создавање нови вредности

„Поминавме долг пат и заедно постигнавме значителни резултати во областите на меѓусебна соработка – да бидеме економски, политички, безбедносно и социјално поврзани. Агендата за поврзаност, што беше во сржта на процесот, еволуираше во меѓусебната поврзаност во многу поширока смисла, надвор од инфраструктурната. Вклучувањето на земјите од Западен Балкан во активен и динамичен пристапен процес целосно ќе ги ангажира општествата во создавање на нови вредности, напредок и позитивна конкуренција. Регионалната соработка, станува сè поважна – да се демонстрира сопственост и заедничко политичко лидерство. Ние сме релативно мали економии, но заедно сме силни. Фактот дека имаме наши разлики и различни ставови, не ја исклучува далеку поблиската соработка во сите секторски области поврзани со ЕУ,“  истакна Османи.

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ