• Latest

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Богоевски, Николовски, Заев, Чунихин…

April 27, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Богоевски, Николовски, Заев, Чунихин…

April 27, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Богоевски: Не смееме да го заборавиме 27 април, бидејќи така ќе ни се повтори

Павле Богоевски, активист за човекови права и поранешен пратеник во македонскиот парламент, за ЦИВИЛ МЕДИА говори за последиците од крвавиот напад на 27 април 2017 година. Го прашавме Богоевски, кои се последиците по него лично, но и по македонското општество, четири години по крвавиот напад.

„Физичките последици, за среќа, одамна поминаа. Психичките последици цел живот ќе си ги носиме, но тоа е дел од товарот што го носиме. Но тоа што посебно загрижува се општествените последици. Четири години по Крвавиот четврток, во општеството сè уште имаме поделеност околу тоа што, всушност, беше 27 април. Луѓето кои влегоа, за правниот систем и за добар дел од демократската јавност, соодветно се означени како сторители на тешки кривични дела и ги трпат последиците за своето однесување. Но тоа што загрижува е што како резултат на внимателно испланирана и добро спроведена пропаганда, кампањи на социјалните медиуми, во конзервативните медиуми и во јавноста, ние денес имаме ситуација каде што еден добар дел од јавноста, луѓето кои влегоа во зградата каде што е напишан Уставот да ги убијат и да ги тепаат луѓето кои тој Устав ги овластил да бидат таму и да работат, ги третираат не како напаѓачи на Уставот, туку како негови бранители. Таа вечер не беа цел само пратениците. Беа цел и медиумските работници, беше цел и персоналот на Собранието, а во најширока смисла на зборот, беше цел и целата држава. Не смееме да заборавиме дека вистинската цел на 27 април беше заканата дека имаат реална намера да предизвикаат вистинска граѓанска војна која засекогаш ќе го променеше ликот на нашата држава и општеството. Поради тоа, пораката е: Не смееме да заборавиме, бидејќи така ќе ни се повтори“ – изјави Богоевски за ЦИВИЛ МЕДИА.

Николовски: Насилници не се и нема да бидат уставобранители

„Насилници не се и нема да бидат уставобранители. Секој што прекршил закон има да одговара. Ние, како одговорна, државотворна партија нема да дозволиме никогаш да се заборави и никогаш повеќе да се дозволи ваков нов црн датум во македонската историја, изјави Љупчо Николовски за ЦИВИЛ.

„Денеска, четири години од упадот во Собранието на 27 април, се уште се свежи сеќавањата на тој крвав четврток и велиме да не се заборави за никогаш да не се повтори. Се уште ја паметиме неизвесноста, тензиите, насилството, дупнатите глави… ама и одлучноста да не отстапиме од борбата за подобра иднина на народот, дури и кога нашите животи беа загрозени.

На тој 27 април целата јавност, а најмногу ние присутните во Собранието, видовме до каде може да отиде омразата, поделбите, желбата за пресметка со оние кои мислат поинаку. Државата беше на раб на граѓанска војна само затоа што режимот не сакаше да си замине од власта која ја злоупотребуваше цели 11 години.

Ја добивме битката на 27 април, насилството беше поразено, победи доброто над злото. Денес, четири години подоцна државата ослободена од режимот чекори напред, веќе не сме држава со неизвесна иднина како на тој 27 април, туку држава членка на НАТО со јасна перспектива во ЕУ.

Чунихин: Ни на душманот не би му посакал да му се случи „27-ми април“

„Додека траеше пресот на СДСМ во прес-салата во Собранието не ни помислував дека може толпата да влезе внатре, а уште помалку дека ќе влезе да тепа, дека ќе сака да убие, дека сака крв, жртви, едноставно сакаа да има мртви луѓе, пратеници, сниматели, новинари… Тоа беше грозно, кога влегоа имаше едно стампедо од луѓе кои со сè и сешто фрлаа, мава по пратениците и по останатите“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Дамјан Чунихин кој на 27 април пред четири години беше во Собранието како хонорарно ангажиран снимател за Н1 телевизија.

Тој вели дека во тој момент само да се бранеле и се молеле да дојде полиција да ги спаси пратениците и новинарите и снимателите.

„Тоа беше многу грозно, ниту на најголемиот душман не би му го посакал тоа. Денес, посакувам никогаш да не се вратиме пред четири години, никогаш да не се повтори 27 април“,вели Чунихин.

Заев: Без разлика каква и да биде одлуката на Владата за Пауновски, соработката со него ќе продолжи

„Од 10 дена, седум дена да се инаетите со потпретседател на Влада преку медиумите, а притоа да не дојдете во Владата и да побарате разрешување, или спротивставување на различностите во гледањата, не е дозволиво. На крајот во четвртокот минатата недела се обидов да го добијам, не можев, потсети Заев, додавајќи дека директорот Пауновски е биран од оваа Влада, политички поставен на таа функција и оти е еден од неговите први соработници со кого има воспоставен однос.

Тој нагласи дека без разлика каква и да биде денеска одлуката на Владата за Стојко Пауновски, соработката со него ќе продолжи.

Но, се работи за принцип. Ако Владата не постапи и не преземе ништо, зошто и останатите 1.179 директори во државата да не водат полемики во медиумите, да не ги спроведуваат законите, да не ги спроведуваат одлуките“, вели Заев.

Д.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ