– Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По попишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизмот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели,изјави Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД .
Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка
Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати.
-Сето ова е во прилог да им служиме подобро и поефикасно на граѓаните. Така што ќе има средба на претседателот на државата Пендаровски со претседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски може да биде само прилог, нема ништо зијан. Ќе соопштат тие се што ќе разговараат, ќе слушнеме, но еве јас да апелирам што и да е нека се бараат решенија нормално, но секако да се почитуваат вредностите за кои огромното мнозинство на нашето население очекува да бидат испочитувани од сите без разлика дали е тоа владата, претседателот, опозицијата или слично за теми за коишто се најавува и дека се разговара, рече Заев.
Маричиќ: Онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста
Судењата на далечина или онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, покажуваат анализите на Работната група за дигитализацијата при Министерството за правда.
– Само со 15 институции приклучени на системот за интероперабилност ќе се заштедат 15 милиони евра на годишно ниво, или 2,5 тона хартија, односно 3.000 дрва, изјави министерот Маричиќ.