Бучковски: Решението е во Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Северна Македонија
„Целосно ми е јасно е дека во крајна линија се ќе биде поврзано со заедничката историја. Времето ќе работи за историската комисија, но немаме трпение таа да го трасира патот кон европската иднина“ рече Бучковски, додавајќи дека се добредојдени искусни експерти кои решаваат вакви проблеми, но оти во овој момент нема потреба од посредници.
Царовска: Протестите се уставно право, но образовната реформа продолжува
„Ние со години сме заборавиле да инвестираме во училишна инфраструктура. Се инвестирало во споменици и други приоритети, заборавајќи притоа дека единствен или најголем потенцијал се луѓето. Тие поминуваат низ образовен систем за понатаму да бидат продуктивни граѓани кои ги почитуваат граѓанските вредности и знаат да се справуваат со сите предизвици кои ги носи современото време. Со новата концепција го правиме тоа. Нашите ученици ги изложуваме на знаење и преку системи кои се светски познати, преку интеграција на содржините и информациите ќе се носат до одредени заклучоци и преиспитување на се она што е поставено таму, затоа што современото време е прединамично, а ние во нашите учебници имаме толку застарени информации што не им служат ниту на учениците, ниту на наставниците,“ нагласи министерката за образование.
„Како што знаете Владата неодамна го усвои Планот за дигитализација, со што од идеа и планирање влегуваме во фаза на имплементација. Според планот, за релативно кратко време целосно ќе се дигитализираат речиси 200 судници, низ сите судови во земјата. Ова е навистина значаен, пред се технолошки скок кој со сигурно ќе ја зголеми и транспарентноста и ефикасноста на судовите, а со тоа ќе се подобри и перцепцијата на граѓаните за работата на истите,“ рече министерот.
Куенка до Заев: Вие сте пример за моќта и важноста на дијалогот, може да учиме од вас на тоа поле
„Преку договорот од Преспа и преку севкупната ваша домашна и меѓународна политика вие сте пример за моќта и важноста на дијалогот и кога е во прашање водење успешен дијалог, можеме да учиме од вас“, порача на средбата со премиерот Зоран Заев претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Љоп Куенка.
„Граѓаните на Северна Македонија се особено благодарни и вечно ќе го паметат гестот што го направи шпанскиот Сенат кога овозможи електронско гласање на Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО, и тоа во исклучително драматични моменти на почетокот на пандемијата“, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Љоп Куенка.