„Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен и добил пас и ја организиравме конститутивната седница . Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опозицијата да се размисли за онлајн работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата“, изјави на денешната прес-конференција спикерот во Собранието, Талат Џафери.
Маричиќ: Мој приоритет е враќање на довербата на граѓаните во судството
„Откако станав министер за правда, мој приоритет е независно судство и работа без притисок. Ова, се разбира, не значи дека не постојат притисоци, ниту од политичка ниту од деловна страна. Нашата Влада ги тргна рацете од судството. Во нашата земја, Судскиот совет сега спроведува модел на филтрирање на судиите и судовите, така што ќе бидат идентификувани сите оние кои се решени да не работеле за правда, односно дека биле под нечие влијание. Веќе имаме 12 разрешени судии, за кои се утврди дека постапувале непрофесионално, влијаеле на застареноста или заштитиле некого. На овој начин ќе се врати довербата на граѓаните во судството, која исто така ќе биде заштитена од какви било влијанија“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за српска „Политика”.
Николовски: Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните
„Воведуваме нов систем и ова е целосна трансформација на општеството. Во моментот, изјави за состојбата со имотот и изјава за судир на интереси даваат избрани или именувани лица и функционери, но сега со измените кои се предвидуваат, тоа ќе го прават и раководните структури во институциите, како инспектори, цариници, вработени во Катастар, во УЈП, секаде каде граѓаните остваруваат права, а е можна корупција, истакна Николовски во гостувањето во централниот дневник на „Сител“.