Филипче: Нема потреба за дополнителна нарачка на вакцини, обезбедени се 2,6 милиони дози
„Нам во овој момент не ни треба нарачка на вакцини затоа што согласно планот како што е димензиониран и сите досегашни договори имаме обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини. По 800 илјади вакцини треба да стасаат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа по 200 илјади руски и кинески вакцини, 100 илјади вакцини кои треба да дојдат како помош од системот на солидарност преку Европската унија и 500-те илјади вакцини на Синовак кои треба да стасаат во мај. Тука процесот е заокружен,“ рече Филипче.
Царовска: Квалитетно образование значи силна држава
„За нас како министерство дигитализацијата е приоритет. Квалитетно образование значи силна држава. Сметам дека сите земји кои не се дигитализираат, заостануваат. И образовниот процес може многу брзо да се дигитализира. Дигитализацијата и воспоставувањето на канал помеѓу наставник и ученик за нас претставуваше отскочна даска во дигитализацијата на образованието со помошта на ФИНКИ, кои навистина брзо и ефикасно го воспоставија каналот на комуникација“ рече министерката Царовска.
Едштадлер: Немам разбирање за блокадата од Бугарија и апелирам истата да ја тргне
„И понатаму станува на врвот на агендата и во Советот и на ниво на министрите за надворешни работи да се реши оваа блокада. Апелирам до Бугарија, овој отпор да го заврши. Ние понудивме во Виена како неутрално место да продолжат разговорите. Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека настанува вакуум ако оваа перспектива на пристапување не ја реализираме во дела.“
Димитров: Мора да прогласиме заеднички успех со Бугарија оваа година
„Наши најголеми поддржувачи треба да бидат нашите соседи, бидејќи тие имаат најголем интерес од една европска, блиска, предвидлива Северна Македонија. Убеден сум дека за да бидете блиски мора да го почитувате другиот, и тоа почитување секако вклучува дека идентитетските прашања и прашањето за Македонците, за македонскиот јазик се прашања за македонскиот народ.“ изјави Димитров.