Од денешните изјави издвојуваме: Груби за корупцијата дека е пострашен вирус и од Ковид, Заев за убавината на демократијата со широката лепеза на кандидати за градоначалници, Брнз за успешната македонска економија, Спасовски за распишаната меѓународна потерница по дипломатот во време додека Наќе Чулев бил министер за внатрешни работи.
Груби: Корупцијата е пострашен вирус и од КОВИД
Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од КОВИД кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата. Мора да градиме клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво. Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата, рече првиот вицепремиер Артан Груби.
Во 2019-та година има информации коишто ги добива Министерството за внатрешни работи во смисла дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка, за тоа веднаш е известено Министерството за надворешни работи, меѓутоа во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Сакам да ја информирам јавноста и вас дека меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година, во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев, што во тој момент е направено дали е известено МНР, не ли е известено, јас немам детални информации за тоа. И нормално сега, кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, така што таму постои еден сплет на настани за коишто сигурно и МНР ќе даде докрај сите информации коишто се потребни –
„Но верувајте дека во едно време кога имавме само лева и десна страна на понудата, така да ги кажеме како левица и десница, денеска е убавина кога можеме граѓаните да им понудиме една лепеза на кандидати секакви, од сите профили, со соодветен свој бенграунд или сл. И навистина овде добиваат сите. И апсолутно немам намера ниту да се конфронтирам, ниту некоја тегоба да носам од оваа работа заради тоа што тоа е убавината на демократијата. А фала и на слободата да можат луѓето да се охрабрат за да можат да одат со свои кандидатури“, истакна Зоран Заев, во својство на лидер на СДСМ.
Брнз: Македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее
„Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на паденимаијата кога немаше набавки, текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произвеудваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму. САД ќе породлжи со поддршката зашпто вашиот успех ни е важен“, напомена американската амбасадорка Брнз.